Повеќето од овие проектили истрелани на територијата на Украина не ги погодија целите, пишува украински Информатор, повикувајќи се на извори од прес-службата на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
„Современите“ руски крстосувачки ракети се опремени со електроника развиена во 60-тите години на минатиот век. Ракетите X-101 беа развиени од 1999 до 2013 година. Руските медиуми ги објавија како гордост на најновото руско оружје со висока прецизност.
Резултатите од употребата на ракетите X-101 од страна на руските окупатори за време на борбите во Украина ја побива наводната ефикасност. Основата на електронските компоненти се покажа дека е многу далеку од модерна.
Анализата на системите за наведување и навигација на крстаречки ракети X-55, како и нивните модификации X-555 и X-101, спроведена од украински експерти, покажа дека „модерните“ единици за наведување биле развиени во периодот 1960-1970 година и произведени од фабриката за радио делови во Воронеж, заводот Интеграл во Минск и други претпријатија од Советскиот Сојуз.
„Најновите“ ракети го користат и навигацискиот систем ПГИ-2М, развиен во 1977 година. Повеќето од ракетите X-101 истрелани на територијата на Украина не ги погодија планираните цели.
Подготви: Жорж Димовски