Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот, изјави за радио НВ дека прорускиот политичар Виктор Медведчук кумот на Путин, осомничен за предавство, сведочел пред органите на прогонот за да „преживее“, пишува Nv.ua.
„Мислам дека денес многу, многу интензивно сведочи затоа што сака да преживее. Тој е многу кукавичка личност која се плаши од сè. Таквите луѓе секогаш имаат само пофалби. Денес гледаме човек кој навистина сака да преживее, сфаќајќи дека не ѝ е потребен ниту на Русија ниту, згора на тоа, на Украина“, рече Подољак.
Една од клучните задачи, според советникот на шефот на Кабинетот на претседателот, е да се идентификуваат луѓето кои му помогнале на Медведчук да го врати своето влијание по Револуцијата на достоинството:
„Како човек како Медведчук, кој беше на дното, никој не се сеќаваше на него, стана најмоќниот медиумски олигарх од 2015 до 2018 година? Се надевам дека ќе добиеме одговори кој му помогна да стане олигарх и во медиумскиот и во енергетскиот сектор во Украина. Без помош (и не само од руска страна) тоа би било невозможно“.
Сепак, Подољак не прецизираше за кои украински политичари станува збор и дали мисли на петтиот претседател Петро Порошенко:
„Не навестувам. Само велам дека треба да добиеме конкретно правно евидентирано сведоштво од господинот Медведчук, зошто, како и благодарение на кого успеал да стане олигарх во Украина, наоѓајќи се на дното, немајќи такви можности до 2015 година. Кои презимиња ќе ги именува, тогаш ќе разговараме за нив со вас“.
На 12 април, Медведчук, кој избега од домашен притвор, беше приведен од службеници на СБУ. Според полицијата, тој се обидел да ја напушти земјата, маскиран во воена униформа. На 16 април, Окружниот суд Личакив во Лвив го испрати Медведчук во притвор без можност за кауција.
По почетокот на целосната руска инвазија на Украина, на 27 февруари се дозна дека Медведчук избегал од домашен притвор. Нему му е одредена мерка притвор по аферата „јаглен“ .
Постапката се однесува на снабдување со јаглен од привремено окупираните територии на Донбас во 2014-2015 година.
Истрагата смета дека во октомври 2014 година претставници на највисокото политичко раководство на Руската Федерација одлучиле да го вклучат Медведчук во субверзивни активности против Украина. Сфаќајќи дека нема да може сам да ја постигне својата цел, се договори со Порошенко, кој како претседател на Украина ги имаше потребните можности за административно влијание во извршната и законодавната власт.
Според истрагата, Порошенко ги користел своите овластувања и инструменти на влијание за да ги раскине договорите со Јужна Африка, а потоа, на барање на руски официјални лица, потпишал договори во име на Украина за испораки на јаглен од неконтролирани територии, со што „ја ставил Украина во енергетска зависност на Русија и под контрола на лидери на псевдорепубликите.
Превод: Жорж Димовски