На 27-ми април 2017 година беше нападнато македонското Собрание, храмот на парламентарната демократија на државата.
Поминаа пет години во кои секој од нас понесе една длабока лузна во душата која едни ја потиснуваат за доброто на сите , праќајќи порака дека и покрај сè чекориме напред заедно да градиме еднакво општество за сите а други пак глумат лудило и се прават недоветни сакајќи да СОКРИЈАТ дека токму пред пет години на КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК имаше обид да се сруши системот и државата за да се спасат Груевски и неговите заради криминалот што го правеле.
Историјата ќе покаже колку беше пресуден тој ден за иднината на нашата Македонија, колку беше вредна нашата жртва во рушење на тоталитарниот режим на диктаторската власт предводена од Груевски и врхушката на ДПМНЕ.
КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК беше пред точно пет години сведок за тоа колку забегале работите во државата а посакувам повеќе НИКОГАШ да не се повтори!
Верувам дека принципите на кои сега ја градиме државата се основа за една стабилна, демократска , економски просперитетна и праведна држава во која вакви настани НИКОГАШ нема повеќе да се случуваат.
Фејсбук објава од пратеничката Жаклина Лазаревска