Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа. истакна поранешниот премиер Зоран Заев на трибина во Струмица, организирана од француската амбасада во Северна Македонија.
Кога е во прашање да се донесе одлука меѓу либерелизам наспроти конзерватививам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста, рече Заев.
Заев истакнува дека ниту Макрон во Франција е десница, ниту е десница партијата на Голоб во Словенија.
Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, вели Заев.
Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода, нагласи Заев.




