ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

САД одделуваат средства за справување со руското влијание во Северна Македониja, БиХ и Црна Гора

April 27, 2022 14:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од најновиот пакет на американската воена помош за Украина, планирани се дополнителни пари за „земјите партнери“ во Источна Европа и на Балканот, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои ќе бидат искористени за борба против руското влијание, јави дописникот на МИА од Белград.

Во одговорот на Стејт департментот на барање на „Гласот на Америка“ објаснета е структурата на пакетот помош од 713 милиони американски долари.

Според информациите од Стејт департментот, парите од најновиот американски воен пакет помош за Украина ќе бидат поделени меѓу „Украина и 15 други сојузнички и партнерски нации“ во Источна Европа и на Балканот.

– Помошта е наменета за сојузниците на НАТО да ги пополнат капацитетите, што и ги донираа на Украина од сопствени залихи со цел да се одржи и зајакне одвраќањето на НАТО. Повеќе од 322 милиони долари од овие средства се пријавени за Украина и дополнително ќе ја подобрат нејзината способност да се одбрани од тековната руска војна, соопшти Стејт департментот во одговорот на „Гласот на Америка“.

Инвестицијата од 322 милиони американски долари во Украина ќе обезбедува поддршка за широк опсег на капацитети, вклучително и системи за оружје кои не се по стандардите на НАТО, помош на украинските Вооружени сили да се префрлат на НАТО системи за оружје со голем дострел и поддршка капацитетите за воздушна одбрана.

Грузија, исто така, ќе добие 35 милиони американски долари средства за комплети за борбена опрема на бригада со напреден теренски артилериски тактички систем за податоци о капацитети за мобилност и сајбер одбрана.

Преостанатиот пакет од 713 милиони американски долари ќе обезбеди одбранбени сррдства, обука и услуги за европскиот регион – Албанија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Словенија, потоа поддршка на Иницијативата за развој на напредно таргетирање за Бугарија, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија и Словачка и обезбедување дополнителна поддршка за Босна и Херцеговина во рамките на Фондот за сузбивање на руското влијание, се наведува во одговорот на Стејт департментот. /МИА/

Next Post

Лапорта: Халанд е прескап за нас

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk