ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Донфрид во Тирана се сретна со Рама и Алибеај, но не и со Мета и Бериша

April 29, 2022 13:38
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, која синоќа од Скопје допатува во Тирана, денеска првата средба ја оствари со премиерот Еди Рама, јави дописничката на МИА од Тирана.

Во отсуство на официјална информација, албанските медиуми наведуваат дека во фокусот на разговорот со Рама биле надворешната политика и интеграциите во ЕУ, кризата во Украина и интеграцијата во Европската унија, но и политичките случувања во земјата, како и реформите во правосудството и борбата против корупцијата.

По средбата со Рама, придружувана од амбасадорката Јури Ким, Донфрид се сретна со делегација на опозициската Демократска партија(ПД), предводена од вршителот на должноста претседател, Енкелејд Алибеај.

Бидејќи седиштето на партијата го презеде Сали Бериша, кој за утре има закажано изборно собрание, средбата се одржа во просториите на Претседателството на албанскиот Парламент, по која изјава даде Алибеај.

Таа рече дека на средбата станало збор за пречките со кои се соочува Албанија, главно за борбата против корупцијата. Тој ја нагласи поддршката што Донфрид ја дала за Демократската партија, како „проамериканска опозиција која гледа кон иднината“.

– Задоволство ни беше што се сретнавме со помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, на една пријателска средба со моите и нејзините колеги. Разговаравме за пречките со кои се соочува Албанија. Разговаравме за прашања од правото и борбата против корупцијата и ја изразив нашата решеност да ги придвижиме напред. Ја забележав и видов големата поддршка што ја имаат за ДП и покрај ситуацијата низ која минуваме. Добив поддршка за силна стабилна опозиција за проамериканска опозиција која ја гледа иднината. Ова се важни прашања, рече Алибеај.

Како што јавуваат албанските медиуми, со изборот да се сретне со Алибеај, Донфрид јасно ја кажа веќе познатата американска позиција дека доколку Сали Бериша, прогласен за непожелен од САД во мај минатата година, го преземе раководството на најголемата опозициска партија, нема соработка со неа.

– Но, се чини дека поранешниот албански претседател и експремиер, Бериша, не е единствениот заобиколен од Американците. На неколку метри од канцеларијата на Собранието се наоѓа уште една важна зграда во државната хиерархија, онаа на претседателот, но Илир Мета и овојпат не е вклучен во американската агенда, наведува Топ чанел.

Next Post

Финале во игра на двојки за Лина Ѓорческа на силниот турнир во Загреб

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk