ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Благодарен сум на сите кои помагаат да се евакуираат луѓето од Азовстал

Кој би можел да биде стратешкиот успех на Русија во оваа војна? Искрено - не знам. Уништените животи на луѓето и изгорениот или украден имот на Русија нема ѝ да дадат ништо. Само ќе ја зголеми токсичноста на руската држава и бројот на оние во светот кои ќе работат на изолација на Русија, рече Зеленски.

May 2, 2022 12:55
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денес конечно успеавме да започнеме со евакуација на луѓето од „Азовстал“, ќе продолжиме и понатаму да правиме сè за да ги евакуираме нашите луѓе од Мариупол, рече во најновото обраќање претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

„Украинци! Украинки!

Наши бранители, наши бранителки!

Денес конечно успеавме да започнеме со евакуација на луѓето од „Азовстал“. По повеќенеделни преговори, по многу обиди, разни средби, луѓе, повици, земји, предлози. Конечно! Немаше ден да не се обидеме да најдеме решение кое ќе го спаси нашиот народ.

Денес за првпат во сите денови од војната почна да работи овој витален коридор. За првпат во областа имаше два дена прекин на огнот. Успеавме да извадиме повеќе од стотина цивили – пред сè жени, деца. Кои избегаа од воените дејствија таму. Токму во „Азовстал“.

Со оглед на сета сложеност на процесот, првите евакуирани ќе пристигнат во Запорижја утре наутро. Дај Боже сето ова да не пропадне! Таму ќе ги пречека нашиот тим. Се надевам дека утре ќе бидат исполнети сите потребни услови за да продолжиме да евакуираме луѓе од Мариупол. Планираме да започнеме во осум часот наутро.

Благодарен сум им и на сите оние кои учествуваа во подготовката на спасувањето на луѓето и кои го обезбедуваат овој хуманитарен коридор. Благодарен сум му на секој и на секоја што се договараа. На Ирина Верешчук како координатор на овој процес.

Благодарен сум им на нашите разузнавачи. На нашиот тим – Давид, Андриј. А исто така и на партнерите кои се приклучија и можеа да помогнат. Конкретно, од ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Ќе продолжиме да правиме се за да ги евакуираме нашите луѓе од „Азовстал“, воопшто од Мариупол. Организирањето на вакви хуманитарни коридори е еден од елементите на тековниот преговарачки процес. Тој е многу сложен. Но, колку и да беше тешко, повеќе од 350.000 луѓе беа спасени од регионите на воени дејствија.

Разговарав за клучните прашања за помошта на нашата држава со Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која заедно со делегација на Конгресот го посети Кијив.

Благодарни сме им на сите партнери кои испраќаат толку важни и моќни сигнали за поддршка на Украина до светот и до Русија, посетувајќи го нашиот главен град во овие услови и во толку тешко време.

Со г-ѓа Пелоси имавме четири часа многу суштински преговори, како што се вели повеќеслојни. Конкретно, за набавките на одбраната, макрофинансиската помош, политиката на санкции, политичката соработка со САД.

Се заблагодарив за заживувањето на историската програма за Lend-Lease, која некогаш помогна да се заштити слободата во Европа и секако може да го стори тоа по втор пат. Разговаравме за конкретни области – како Lend-Lease може да функционира за зајакнување на нашата држава што е можно повеќе и да помогне во борбата за слобода.

Исто така се заблагодарив и за подготовката на големиот пакет помош за Украина од 33 милијарди американски долари.

Разговаравме за тоа како можеме да ги зајакнеме санкциите против Русија на начин што најефективно ќе ја охрабри да стави крај на војната и да ја ограничи способноста на Русија да ги заобиколи постоечките и идните санкции. Ја почувствував поддршката на нашите иницијативи.

За нејзиниот значаен личен придонес во зајакнувањето на нашата соработка и искреното учество во одбраната на слободата На г-ѓа Пелоси ѝ доделив „Орден на принцезата Олга“.

Денес руските трупи продолжија да нанесуваат удари на територијата на нашата држава. Тоа што тие го избираат како свои цели докажува повторно дека војната против Украина за руската армија епретставува војна на истребување. Нанесени се удари по магацини на земјоделски претпријатија. Уништија магацин за жито. Гранатираа и врз магацинот со вештачко ѓубриво. Тие продолжија да нанесуваат удари по станбени населби во Харкивската област, Донбас итн.

Тие ги собираат силите на југот на земјата за да се обидат да ги нападнат нашите градови и заедници во  Днипропетровската област.

Кој би можел да биде стратешкиот успех на Русија во оваа војна? Искрено – не знам. Уништените животи на луѓето и изгорениот или украден имот на Русија нема ѝ да дадат ништо. Само ќе ја зголеми токсичноста на руската држава и бројот на оние во светот кои ќе работат на изолација на Русија.

Вооружените Сили на Украина им одговараат на напаѓачите на сите нивни удари. И ќе продолжат да одговараат се додека окупаторите не ја напуштат нашата земја.

Благодарен сум им на сите наши бранители, на сите наши бранителки. На секој и на секоја што ја бранат државата и од 24 февруари и од 2014 година.

За само 67 дена од војна од големи размери, веќе 143 наши воени лица веќе ја добија титулата Херој на Украина. Повеќе од 10.600 бранители се наградени со државни награди на Украина.

Вечна слава на сите што застанаа во одбрана на државата!

Вечен спомен на сите што ги дадоа животите за Украина! Ви благодарам.“, изјави Зеленски.

Next Post

Мицкоски со иста реторика како и Груевски - закани, пораки до меѓународна заедница, повикување „народ да дојде по своето“

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk