Новинарството во нашата земја може да се гордее со придонесот во една голема битка против досега најголемиот непријател на слободата на медиумите – Никола Груевски и неговиот режим, изјави за ЦивилМедиа новинарот Борјан Јовановски, по одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите.
Сега е голем предизвик да се осигура извесна иднина во која нема да има простор за било кој политичар или партија да го врати тоа зло повторно во институциите“ – вели Јовановски.
„Теренот сè уште е подложен за таква опасност и пред нас е можеби најтешкиот предизвик – интегритетот на секој од нас, како и на ЗНМ, кое ги застапува нашите интереси. Еден од предизвиците во борбата на обезбедување на пристојно окружување во кое работиме е и регулирање на односите со сопственичките структури кои го потценуваат новинарството во социјална, но и етичка и професионална смисла. Патот до вистинска слобода на медиумите сè уште е многу долг“ – предупредува Јовановски.
Според Јовановски, пред македонските медиуми се исправени бројни предизвици.