Утрото на 4 мај, во Џержинск, Русија, во близина на Нижни Новгород, избувна пожар на територијата на фабриката LD-Trade, која произведува и доставува растворувачи. Ова го објавија ТАСС и Newsroom24. Зоната на пожарот достигна 2,5 илјади m², пренесува Gordonua.
Пожарот започна со палење на еден резервоар со растворувач, а потоа избувнаа уште седум, површината на пожарот порасна на 2,5 илјади m².
За гаснење на пожарот морало да бидат ангажирани повеќе противпожарни единици. Полицијата беше на должност во близина на фабриката за да ги пропушта возилата за итни случаи пред цивилните автомобили.
До 14 часот и 41 минути пожарот беше изгаснат, а нема информации за жртви или повредени. Според Тасс, цистерните во индустриската зона Џержинск се запалиле поради нарушување на безбедноста при испумпување на растворувачот.
Контејнерите стоеле на територијата на „ LD-Trade “ и чекале истовар. За време на танкирањето се излеа течност и поради случајна искра се разгоре наоколу.
Контекст: Од неодамна во Русија често се случуваат пожари од големи размери. На 1 мај гореше складиште за муниција западно од Белгород, на 2 мај фабрика за барут што ги снабдува Русите со оружје за противвоздушна одбрана а на 3 мај складиште на издавачката куќа Просвешчение.
Превод: Жорж Димовски














































































































