ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ: По изјавата на Путин, Србија е под притисок на Запад да го признае Косово

Мојата порака е дека Србија денеска е на европскиот пат, дека засилено ќе одиме по тој пат и ќе се бориме за местото на Србија во семејството на европските народи, нагласи претседателот на Србија.

May 6, 2022 20:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста изјави дека Србија во иднина ќе оди посилно на европскиот пат, дека е под голем притисок откако рускиот претседател Владимир Путин направи паралела меѓу Косово и Доњецк и Луганск и дека од Белград ќе се бара да ја признае независноста на Косово, за Москва да не може да го искористи случајот како аргумент за своите постапки во Украина. Тој исто така порача дека нема да ги гаси пријателствата на Исток, колку и да има притисоци, јави дописникот на МИА од Белград.

– Мојата порака е дека Србија денеска е на европскиот пат, дека засилено ќе одиме по тој пат и ќе се бориме за местото на Србија во семејството на европските народи, нагласи претседателот на Србија.

Вучиќ потсети и дека претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се повикал на пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека одлуката на Косово да прогласи независност од Србија не е спротивна на меѓународното право и го искористи тоа како аргумент дека Доњецк и Луганск имале право да прогласат независност од Украина.

– Ќе се соочиме со најтешки притисоци да кажеме дека Косово не е ништо слично на она што се случува во Украина, рече Вучиќ, додавајќи дека Запад очекува од Србија да ја признае независноста на Косово.

Затоа, како што рече, „Косово ќе биде најдоминантна тема за нас во наредниот период“. – И, веднаш да ви кажам – сите европски лидери ми кажаа дека Путин инсистирал на случајот со Косово во нивните меѓусебни разговори, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија оцени дека не очекува Русија да го признае Косово, но оти очекува Србија да биде под голем притисок да го стори тоа за Путин да не може да го искористи случајот како аргумент за руските потези во Украина.

– Целиот Запад, за да му го ускрати тој аргумент на Путин, ќе побара од Србија брзо да се придвижи кон признавање на независноста на Косово за да му кажат на Путин дека тоа не е ист случај, изјави Вучиќ.

Како што рече, „има мал број земји кои велат дека сакаат нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а голем број од нив се за взаемно признавање, не само САД туку и повеќето други“.

Тој додаде дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не постои, а обидот за дијалог во Берлин бил само обид.

Вучиќ посебно го посочи влезот во меѓународните институции и организации на Косово, бидејќи Приштина ја информирала меѓународната јавност дека сака да биде членка на Советот на Европа, а Германија ги поддржала.

– Нашиот одговор ќе биде дециден и силен… Ќе ги покажеме забите многу поостро отколку што мислеа, истакна Вучиќ./МИА/.

Next Post
фото: Твитер

Истекување на гас е најверојатно причината за експлозијата во хотел во Хавана, во која има најмалку 8 жртви

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk