ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украински борци за човекови права ги повикуваат европските лидери: Гарнизонот во Мариупол сè уште може да се спаси

Ве охрабруваме, високо истакнати лидери, да дејствувате како трета страна во постапката за екстракција. Историјата нема да ги заборави вашите напори. Украинската нација ќе ви се заблагодарува засекогаш.

May 7, 2022 14:46
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украински борци за човекови права, поранешни дисиденти и научници ги повикуваат европските лидери да дејствуваат одма и сега за спас на војниците од украинскиот гарнизон во фабриката Азовстал во Мариупол. Како што пренесува Украински свет,  Повикот е упатен кон: турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и Федерален совет на Швајцарија

„Ние, украинските научници, бранителите на човековите права, поранешните дисиденти кои го преживеаја огромниот притисок на тоталитарниот систем, апелираме до вас, политички лидери, да и помогнете на Украина и нејзините херои.

Украинскиот гарнизон во Мариупол е целосно опкружен со непропорционален број руски војници.

Повеќе од 70 дена војската, како и цивилите кои немаа шанси да ја преживеат окупацијата, остануваат во засолништето на фабриката Азовстал. Без пристап до вода, храна, лекови. Војската не може да складира оружје. Тие се секоујдневно бомбардирани од воздух, море и копно.

Битката за Мариупол е украинската Битка кај Термопили.

Но, ние живееме во хуманистичкиот 21 век и наша должност, должност на целиот цивилизиран свет е да спасиме „300 Спартанци“ од Украина. Нивните деца, сопруги и мајки нема да ни простат на сите за недејствувањето.

Историјата на светските војни знае многу примери кога страните покажале добра волја и дозволиле војската да го напушти местото. За жал, дипломатскиот ресурс на Украина не е доволен за такви договори.

Ве охрабруваме, високо истакнати лидери, да дејствувате како трета страна во постапката за екстракција. Историјата нема да ги заборави вашите напори. Украинската нација ќе ви се заблагодарува засекогаш.

Украинскиот гарнизон во Мариупол сè уште може да се спаси. Но, времето сега се мери во часови.“, се наведува во повикот потпишан од иницијативата Прв декември, составена од украински борци за човекови права и интелектуалци, вклучително и некои поранешни украински дисиденти на советскиот режим: Ола Хнатиук, Ихор Козловски, Мирослав Маринович, Јарослав Јацкив, Володимир Јермоленко, Ихор Јухновскиј, Јевхен Захаров, Јосиф Зиселс.

Ј. Ѓ

Зеленски: Украина работи на дипломатски план за спас на борците од фабриката „Азовстал“

 

Next Post
7 мај. Ден на македонската полиција. Делчево: Фото: МИА

Одбележан 7 мај - Ден на македонската полиција: Институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk