Ветераните – бабите и дедовците кои како деца ја преживеале војната и окупацијата сега се принудени да го поминат истото во својата старост, пренесува украински Соцпортал.
Постарите се шокирани од бруталноста на политиката на Кремљ. И не разбираат зошто?
Видеото го објави каналoт на Телеграм „Побарај ги твоите роднини“.
Убивате деца и мајки со тенкови? Ова е изживување над народот…, – наведува стариот дедо.
„Ние сме мирни луѓе, ништо не ви земавме. Ништо не баравме од вас, само сакаме да живеевме. Зошто требаше да ни наметнувате некои друг начин на живот, манири на владеење. Имате своја голема, огромна Русија, таму и владеете. Кој ве повика овде?“, бабичка со ордени и медали на градите му се обраќа на Путин.
Суровоста што ги погодува сите мора да исчезне. И знам дека нашата земја се мачи, и таа е пример за сите, – вели еден постар пар.
Превод: Жорж Димовски