ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е веќе полноправен дел од слободниот свет и обединета Европа

May 9, 2022 13:03
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Русија заборави на сè што им беше важно на победниците во Втората светска војна. Но – Украина и целиот слободен свет ќе ја потсетат, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Денес е важен ден, многу. За нас. За нашиот народ. За нашата слобода. Токму овде, во Маринската палата, денес одржав преговори со пријателот на Украина, Премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Благодарен сум му на Џастин за посетата на нашата земја. Токму сега, токму на овој ден. Моќен гест на поддршка и верба во иднината на нашиот народ.

Украинската и канадската делегација одржаа билатерални преговори. Се договоривме за проширување на економската и одбранбената соработка. Имаме исклучително важна одлука на Канада – да ги отстрани сите бариери за трговија во тек на една година. Благодариме, Канада. Овој договор е постигнат во преговорите со г-дин Трудо и ќе работи во интерес како на украинскиот, така и на канадскиот народ.

Меѓу другото, Канада има силен потенцијал во работа против мини. Очекуваме дека овој потенцијал ќе се искористи во Украина – таму каде што руските окупатори оставија илјадници мини, убојни средства.

Во присуство на господинот Премиер денес ги наградив нашите инженери за деминирање. Вклучително и малиот, но многу познат инженер за деминирање – Патрон. Куче кое помага да се исчисти нашата земја од трагите на окупаторите. И што исто така помага да ги научиме децата на противминската безбедност. Поради руските напаѓачи, ова сега е една од најактуалните задачи – да ги научиме децата да препознаваат и избегнуваат експлозивни предмети. Ова е „ослободувањето“ од безбеден живот за украинските деца што Русија го донесе во Украина.

Украина за прв пат учествуваше на состанокот на лидерите на Г7. Најголемите светски демократии. Го истакнав нашето гледање за тоа што треба да се направи за да се добие слободата и да се гарантира безбедноста на Украина.

Повикав на зголемување на санкциониот притисок врз Русија и создавање услови Украина што поскоро да ја заврши војната со ослободување на нашата земја и нашиот народ. Ова особено се однесува на ембаргото на руската нафта, нафтените мешавини и нафтените деривати.

Ги поканив напредните држави – нашите пријатели – да учествуваат во обновата на Украина по војната.

Се договоривме за заедничка изјава на Г7 за војната, создадените глобалните закани од страна на Русија и за нашето почитување на нашето заедничко историско наследство, нашите заеднички вредности и важноста на слободата. Изјавата е максимално во интерес на Украина и ќе стане основа на нашата понатамошна соработка.

А главната работа што ја почувствував денес беше уште поголемата подготвеност на светот да ни помогне. И фактот дека веќе постигнавме историски резултат, бидејќи на целиот слободен свет му е јасно дека токму Украина е страната на доброто во оваа војна. Додека Русија ќе изгуби, бидејќи злото секогаш губи.

Благодарен сум ѝ на првата дама на САД Џил Бајден за нејзината денешна посета на Украина, во Ужгород. Од безбедносни причини оваа посета и средба со првата дама на Украина не беше однапред најавена, не беа поканети ниту новинари. Но, знам дека г-ѓа Бајден доби што е можно повеќе информации за тоа што им треба сега на Украинците и Украинките. И јас сум ѝ благодарен за искрената поддршка на нашиот народ.

Во Кијив разговарав со Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Хрватска принципиелно и силно ја поддржува нашата држава во борбата за независност. Благодарен сум ѝ на Хрватска за се што веќе добивме. И се надевам дека во иднина соработката само ќе расте.

Во Кијив исто така го примив и Претседателот на норвешкиот Стортинг. Разговорот беше многу емотивен. Таков, што се чувствуваше: тие се грижат за нас, за нашата судбина, како за себе. И навистина се обидуваат да помогнат. Благодарен сум им за тоа.

Разговарав исто така и со Претседателката на германскиот Бундестаг. Пред сè, за понатамошната одбранбена помош на Германија во нашата борба против тиранијата. За тоа како германското раководство во Европската унија може да ни помогне.

Боно, од групата U2, денес исто така ја посети Украина. Благодарен сум му што го поддржува нашиот народ и уште повеќе привлекува внимание на потребата да му се помогне на нашиот народ.

Па, сигурен сум дека денешниот ден во Украина покажа дека ние сме веќе полноправен дел од слободниот свет и обединета Европа. Ова е очигледен контраст со самотијата на Москва во злото и омразата што сите ќе ги видат утре.

Руската армија немаше да биде самата себеси ако не убиваше и сега – во пресрет на безусловно важните денови за секој Европеец.

Како резултат на рускиот воздушен напад врз Билогоровка во Луганската област, загинаа околу 60 луѓе. Цивили кои едноставно се сокриле во училиштето од гранатирањето. Тоа беше насочен удар токму врз училиштето. Уште едно злосторство на окупаторите.

Уште еден ракетен напад во Одеската област, при што повторно е погодена станбена зграда. Повторно гранатирање во Сумската област. Жестоко гранатирање во Донбас и Харкивската област. Како да не е 8 мај. Како утре да не е 9-ти, кога главниот збор треба да биде мир. За сите нормални луѓе.

Русија заборави на сè што им беше важно на победниците во Втората светска војна. Но – Украина и целиот слободен свет ќе ја потсетат.

Така што тогаш никој нема да заборави. За да си ја вратат тежината навистина важните зборови – „никогаш повеќе“ – кои секоја година се повторуваат насекаде низ слободниот свет во деновите на сеќавање на жртвите од Втората светска војна.

Благодарен сум им на сите наши бранители и бранителки кои ја држат одбраната и ја спасуваат Украина од современите потомци на тоа старо зло“.

 

 

Next Post

Хакирана страницата на руската државна телевизија: „ТВ и властите лажат“

Shortcut

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk