ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Зеленски: Украинските херои и се потребни на Украина живи – ова е нашиот принцип

May 17, 2022 09:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Благодарение на дејствијата на украинските војници – Вооружените Сили на Украина, разузнавањето, преговарачкиот тим, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации, ние имаме надеж дека ќе успееме да ги спасиме животите на нашите момци. Меѓу нив има и тешко повредени, им се укажува лекарска помош, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Завршува 82-от ден од нашата одбрана. Тежок ден. Но, и овој ден, како и сите други, е насочен токму кон спас на нашата земја и нашиот народ.

Во врска со ситуацијата во Мариупол.

Благодарение на дејствијата на украинските војници – Вооружените Сили на Украина, разузнавањето, преговарачкиот тим, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации, ние имаме надеж дека ќе успееме да ги спасиме животите на нашите момци. Меѓу нив има и тешко повредени, им се укажува лекарска помош.

Сакам да нагласам дека украинските херои и се потребни на Украина живи. Ова е нашиот принцип. Мислам дека секој адекватен човек ќе ги разбере овие зборови.

Операцијата за спасување на бранителите на Мариупол ја започнаа нашите војници, разузнавачите. За да се вратат момците дома, работата продолжува, а оваа работа бара деликатност. И време.

Одржуваме максимална дипломатска активност и во други области во интерес на Украина.

Денес разговарав со директорката на ММФ Кристалина Георгиева. За тоа како да се забрза обезбедувањето финансиска помош за Украина, со оглед на државниот буџетски дефицит за време на војната, кој изнесува околу 5 милијарди долари месечно. Се разговараше и за главните насоки на понатамошната соработка.

Во пресрет на состанокот на министрите за финансии на земјите на Г7, овие разговори со директорката на ММФ се директна подготовка за многу важни одлуки за Украина.

Во Кијив работеше висока делегација на Полска. Со нив се одржаа консултации за соработка на ниво на Европската Унија. Тоа особено се однесува на забрзувањето на нашата интеграција во Европската унија и очекуваната одлука за кандидатскиот статус за Украина.

Исто така, работиме на тоа Европската унија да се согласи за шестиот пакет санкции против Русија. Нафтеното ембарго мора да биде дел од него и тоа е во интерес не само на нашата држава, туку и на цела Европа. Благодарен сум им на оние лидери на континентот кои се свесни за ова и помагаат да се промовира соодветно решение.

Се обратив пред студентската заедница на Соединетите Американски Држави – претставници на водечки универзитети. Разговарав исто така и со ректорите и претседателите на овие образовни институции. Клучното прашање е да се вклучат американските универзитети во обновата на нашиот образовен систем по војната. Покрај тоа, разговаравме и за политички прашања, вклучително и за заштита на демократијата, спротивставување на руската пропаганда и лажните вести.

Вооружените Сили на Украина ги задржуваат постојаните напади во оние области каде Русија сè уште се обидува да напредува. Северодонецк и другите градови во Донбас сè уште остануваат главни мети на окупаторите. Правиме се за да ја заштитиме нашата земја и нашиот народ.

Потпишав укази за доделување награди на нашите херои. На 201 воено лице на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди. Титулата Херој на Украина му беше доделена на постариот поручник Агасиев Кирил Јашар оглу – командант на вод на 92-та посебна механизирана бригада. И постхумно на потполковникот Јерк Вјачеслав Володимирович, командант на авијациската ескадрила на 40-та тактичка авијациска бригада.“

 

 

Next Post

Спасовски: „Оди си“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“, „Слобода“, „Готово е“…

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk