ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со „невидена “ стратегија, до изборна победа

May 17, 2022 12:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Клучниот момент што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се одлучил да бара предвремени парлементарни избори бил оној, кога некогаш, додека шетал низ општините на средби со „граѓаните“ симпатизери на оваа партија, некој го сретнал и го прашал „до кога тие ќе трпеле ваква катастрофа“ од државата.

Тогаш тој се соочил со фактот дека граѓаните се незадоволни од сегашната политика на оваа Влада и затоа одлучил „тие, ВМРО-ДПМНЕ мора да дојдат на власт“! А за тоа се потребни само предвремени избори, затоа што нели, тој, „граѓанинот“ на поминување тоа го побарал. А бидејќи граѓанинот, од именка во еднина во терминологијата на Мицкоски добива конотација на плурал,- граѓани, тој веднаш се повикува на барањето на граѓаните.

Не е проблемот што лидерството на оваа партија бара предвремени парлементарни избори, тоа го правеше и СДСМ низ историјата на политичката битка. Проблемот е што, како прво и да не е тоа барање на еден граѓанин, туку на многумина, тоа сепак не е барање на мнозинството граѓани, а уште помалку на сите граѓани. А Мицкоски сака да создаде впечаток дека токму тоа се случува, дека сите граѓани се сосема незадоволни од економско- политичката состојба во државата и дека сите бараат избори.

Прво треба да биде јасно дека во Македонија не постои политичка криза која сама по себе ја наметнува потребата од разрешница низ предвремени избори.

Значи оваа Влада владее така, како што владее. Се најде во здарвствена, економска и енергетска криза, не по нејзина заслуга, и прави обиди да се справи со сите нив. Истура пари за сите погодени категории, требало не требало. Влегува во „шема“ на задолжувања, се откажува од акцизи и даноци, само за да има за сите и за фирмите и за граѓаните и за селаните и што е најтрагично, пак „не чини“. Зошто? Затоа што така вика Мицкоски!?

За дивно чудо медиумите сесрдно го подржуваат и го јачаат во тоа, секој ден почнувајчи ги со „ударна нова“ изјава на Мицковски -дека побарал предвремени избори!!!

Затоа тој и отворено побара подршка од медиумите да застанат зад него и да работат на уривање на оваа Влада и да му помогнат да дојде на власт.

А зошто би значело дека на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт. Па веројатно затоа што Мицкоски смета дека му е време тој да завладее со земјава.

Добро. Но зошто граѓаните нему би му ја дале довербата. Што тоа нуди тој посебно, за што би се фатиле граѓаните и тоа сите.

Еве што најчесто говори со што сака да придобие гласови: „оваа влада краде, крадат, крадат, неспособни, неспособни, неспособни“.

Добро, дај доказ: документ, „бомба“, сведок, (жолто) комбе. Ништо од тоа. Само клевети, лажни вести, и празни ветувања дека „они ќе биле бољи“! Бољи као Дан(и)ела Арсовска!!!!

Освен тоа „внимателно“ смислија и „невидена стратегија“ за изнудување предвремени избори и победа на нив: транспаренти во собраниската сала и протест таму некаде, за некое време! Да се стресеш. И да си од ВМРО, па ќе си речеш „овие се зае*аваат со нас“, а камо ли да си од обичните граѓани.

Мислам дека времето на чести предвремени избори помина уште со Бранко и Никола. Ако е за аир, доста е. Нека истера Владата цел мандат, што ќе направи за тоа време нека направи, па после нека победува кој сака.

Мислам, кој може.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

Next Post

Родители си ја продале малолетната ќерка на Белгиец, тројца приведени, поднесена кривична пријава

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk