ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Распределни се 70 социјални станови во Гостивар

May 17, 2022 13:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во континуитет се грижи за најранливите категории граѓани и тоа се покажа со изградба на преку 850 станови за социјални семејства низ земјата, истакна за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, присуствуваше на прелиминарната распределба на 70 станови во станбената зграда наменета за социјално ранливи групи во општина Гостивар.

На огласот објавен од Министерството за транспорт и врски, право на учество имаа деца без родители, корисници на минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.

Министерот Бочварски информираше дека до крајниот рок на поднесување на потребната документација, во Центарот за социјални работи во Гостивар аплицирале вкупно 190 граѓани, од кои по прелиминарната распределба, 74 од апликантите имале комплетна документација.

„Имаме голем одзив на јавниот повик во Гостивар. Сакам да потенцирам дека денешната јавна распределба е прелиминарна и не е конечна. Почнувајќи од денеска па во наредните нареднте денови, Комисијата составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. По извршената контрола од страна на Комисијата, ќе се утврди конечната листа со добитници на социјални станови. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства и уверуваме дека со овие мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период, заради подобри услови и обезедување на достоинствен живот за сите граѓани.“ – изјави министерот Бочварски.

Во следниот период преку Министерството за транспорт и врки ќе бидат објавени јавни повици за распределување на уште 132 социјални станови и тоа 48 во Пробиштип, 36 во Виница и 48 во Свети Николе.

Во завршна фаза е изградбата на социјалните згради во Неготино, Демир Капија и Гевгелија, а активно се градат зградите во Бутел, Велес, Кочани, Пехчево и  Сарај.

Next Post

Сателитскиот интернет „Старлинк“ наскоро ќе стане достапен и во Македонија

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk