ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Ова е обид за компензација на руската армија за серијата неуспеси во источна и јужна Украина

May 18, 2022 15:54
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Информативниот притисок, дипломатскиот, како и културниот, е она што ни треба. Со цел исто како и во времето на Втората светска војна, борбата за слобода да може да се заснова вклучително и на моќта на уметноста, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„83-от ден од нашата одбрана започна со прилично сериозна комбинација на руски удари врз Украина. Ракетно гранатирање на Лвивската област, Сумската област, Чернигивската област. Воздушни напади во Луганската област. Специфична диверзантска активност во пограничните области на Украина.

Сето ова не е само создавање тензии за нашата држава, не само тестирање на нашите сили. Ова е на некој начин обид да се компензира руската армија за низата неуспеси на истокот и југот од нашата земја.

Тие не можат да покажат успех со целосно воена акција во областите каде што се обидуваат да напредуваат. И затоа тие се обидуваат да покажат успех на сметка на нивните ракети и други активности. Но – исто така безуспешно.

Овие удари, како и многу претходни, ништо радикално не менуваат. Посебно што нашите мерки за противвоздушна одбрана и антидиверзантски актиивности стануваат се посилни.

Денес разговарав со германскиот Канцелар Олаф Шолц. Доста продуктивно. Пред се, за одбранбената поддршка на Украина, нашата соработка на ниво на ЕУ. Го информирав за моменталната состојба на бојното поле и за можниот развој на оваа состојба.

Имав разговор со Претседателот на Франција Емануел Макрон. Суштински и долг. Разговаравме за шестиот пакет санкции што се подготвува во Европската унија. Процесот на преговори со Русија и евакуацијата на нашите херои од „Азовстал“. Мисијата за евакуација продолжува, таа е надгледувана од нашите војници и разузнавачи, вклучени се највлијателните меѓународни посредници.

Разговаравме исто така одделно и суштински со Претседателот на Франција за нашите чекори за европска интеграција и за разгледувањето на барањето на Украина за кандидатски статус во ЕУ.

Продолжувам да ја собирам најголемата меѓународна публика за Украина. За да ја поддржуваат нашата држава на сите нивоа. И да се изврши притисок врз Русија на сите нивоа.

Информативниот притисок, дипломатскиот, како и културниот, е она што ни треба. Со цел исто како и во времето на Втората светска војна, борбата за слобода да може да се заснова вклучително и на моќта на уметноста.

Затоа денес за време на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал се обратив пред светската филмска заедница. Потсетив дека сега, како и во 1940-тите, потребно е храбро и отворено да се брани слободата и да се бориме против диктатурата. Токму сега е време. Кога јазикот на кинематографијата може и треба да стане јазик на борбата за слобода.

Денес потпишав укази за наградување на нашите херои. На 165 воени лица на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди, од кои 13 постхумно.

Титулата Херој на Украина им беше доделена на три воени лица од 24-та посебна механизирана бригада. Оние кои покажаа извонредна храброст и ефикасност во битките во Донбас.

Денес се простив со првиот Претседател на Украина Леонид Макарович Кравчук. Церемонијата се одржа во Кијив. Во Кијив, кој ќе остане украински. Главен град на независна држава. Од 1991 година и засекогаш.“

 

 

Next Post

Пендаровски за апликациите на Финска и Шведска за влез во НАТО: Ја поздравувам оваа одлука и упатувам поддршка за брз прием

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk