ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата го усвои ребалансот на буџетот: Фискален простор за нови мерки, повисоки плати и пензии

May 21, 2022 15:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка за фирмите, дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите на наставниците, како и субвенции за покачување на минималната плата. Ова се обезбедува со ребалансот на Буџетот, усвоен од Владата, а кој го презентираше во јавноста министерот за финансии Фатмир Бесими, информираат владините служби.

Вкупните приходи со Ребалансот се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и истите се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9% повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или повисоко за 5,9%, односно за околу 16,1 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Односно, 24,2 милијарди денари се дополнителните расходи, од кои 4,2 милијарди денари за зголемување на пензиите се реализира од ПИОМ, и 4 милијарди има кратење во буџетот со ребалансот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП.

„Проектирана е дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Обезбедуваме заштита – бафер, за да имаме простор за брза реакција со нови мерки за заштита на граѓаните и стопанството. Предвидовме дополнителни 3,2 милијарди денари за субвенции за земјоделците, со цел стимулирање на приносите и амортизирање на ценовните притисоци на основните прехранбени производи. Исто така предвиден е пораст на трансферите до ЕЛС за покачување на платите на вработените во градинките, како и за вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември 2022 година. Пензиите се дополнително зголемени, согласно новата методологија на пресметка на пензиите. Планирани се средства за програмата за субвенционирање на придонеси за поддршка на плати“, вели Бесими.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари или за околу 6 милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година. Сепак, оваа сума е за 8,8 милијарди денари повисоко во однос на минатата година или за 16,1 милијарди денари односно два пати повисоко во однос на 2020 година.

Министерот посочи дека значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура, на Коридорот 8: проширување на автопат Тетово – Гостивар,  изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делница Гостивар – Букојчани, делницата Ранковце – Крива Паланка и Крива Паланка до границата со Бугарија, како и западниот дел од патниот Коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево – Букојчани и делницата Кичево – Охрид. На Коридорот 10 е планирана делницата Прилеп – Битола. Дополнително, JПДП ќе изготви физибилити студија за изградба на патот Тетово – Призрен. Исто така со кредитни средства предвидена е изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце (граница со Косово), подобрувањето на патната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија преку Проектот за поврзување на локални патишта.

Во делот на железничката инфраструктура, планирано е финансирањето на трите фази од изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга – Коридор VIII, како и Проектот изградба на железничка пруга Кичево – граница со Албанија. Планирана е и изградба на железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

Во областа на гасификацијата, предвидено е изградба на магистрални гасоводи делница Скопје – Тетово, Гостивар – Кичево и делница Свети Николе – Велес, изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Министерот Бесими истакна дека се предвидени повеќе крупни капитални проекти во заштитата на животната средина, здравството и образованието.

Дефицитот и отплатата на надворешен долг и домашен долг кои се во износ од 11,8 милијарди денари, или вкупно 54,5 милијарди денари, ќе се финансираат преку задолжување на меѓународниот и домашниот пазар. Со оглед на актуелните економски и надворешно-политички состојби, оваа година поголем фокус ќе биде ставен на финансирање од меѓународните пазари. Ваквата определба ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку надворешните извори за финансирање ќе се зголемат девизните резерви на државата.
Економскиот раст за годинава е проектиран на 3,2%, во линија со проекцијата на ММФ, додека стапката на инфлација во 2022 година е проектирана на 7,2%. Растот на бројот на вработени е проектиран на 1,6%, што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,9%, додека стапката на невработеност да се намали на 14,5%. Просечната нето-плата се очекува забрзано да расте со проекција од 11% за 2022 година.
Next Post

Лиз Трас: Русија е закана и за Молдавија

Најново

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

May 12, 2026

„Матица македонска“ ја објави „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски – книга што создава нови поводи за читање на македонската книжевност

May 12, 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

May 12, 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

May 12, 2026

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk