ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Украина ги проширува меѓународни врски за да добие се што е потребно за да се стави крај на војната што е можно поскоро

May 23, 2022 10:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постигнато е и решение кое го револуционизира поредокот на нашата граница. Воведуваме заедничка царинска контрола со Полска. Ова значително ќе ги забрза граничните процедури. Тоа ќе ги отстрани повеќето корупциски ризици. Но, тоа е и почеток на нашата интеграција во заедничкиот царински простор на Европската Унија. Тоа е навистина историски процес, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Денес беше вистински полски ден. Ми беше драго да го пречекам Претседателот на нашата братска Полска и мојот пријател Анджеј Дуда во Кијив.

Прво, уште на 3 мај, Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон се обрати онлајн пред нашата Врховна Рада. А денес – веќе лично – се обрати Претседателот на Полска. И, патем, токму оваа линија на соработка – Украина – Полска, Украина – Британија беше навистина многу ефикасна и така останува и за време на оваа војна.

Мило ми е што можам да забележам дека украинско-полските односи конечно се на целосно чиста, искрена основа, без никакви кавги и старо конфликтно наследство. Ова е достигнување. Историско достигнување на нашите народи. И сакам братството меѓу Украинците и Полјаците да се зачува засекогаш. Како што кажав за ова денес пред пратениците: за нашето единство, единството на Украинците и Полјаците, да биде постојана вредност што никој нема да ја наруши.

Потпишав указ за воведување на нова награда на Украина – за заблагодарување на градовите од земјите партнери шкои помогнаа најмногу. И Жешов стана првиот таков град. Градот-спасител. Сосема со право.

Друга одлука што ја донесов денес е подготовката на предлог-законот што ќе биде огледална слика на соодветниот закон донесен во Полска за нашите граѓани, за Украинците. Како се сега? Украинвите и Украинките кои привремено престојуваат во Полска бегајќи од војната, де факто и де јуре ги добија истите можности како Полјаците.

И ќе биде правилен гест да се донесе таков закон во Украина. Нека биде така граѓаните на Полска никогаш да не мора да користат таков закон. Но, ајде да ја покажеме нашата благодарност и нашата почит.

Исто така, сакам тоа да биде дел од нашата нова политика за соседство. Мора да ги решиме споровите и да го отстраниме притисокот од минатото од нашите сегашни односи со сите соседи на Украина, кои не почитуваат и не се окупатори на нашата држава.

Постигнато е и решение кое го револуционизира поредокот на нашата граница. Воведуваме заедничка царинска контрола со Полска. Ова значително ќе ги забрза граничните процедури. Тоа ќе ги отстрани повеќето корупциски ризици. Но, тоа е и почеток на нашата интеграција во заедничкиот царински простор на Европската Унија. Тоа е навистина историски процес.

Секако, со Анджеј денес зборувавме и за одбранбената поддршка за Украина. И за зајакнување на санкциите против Русија. И за тоа кои чекори ни се потребни за да ја постигнеме нашата заедничка цел – полноправно членство на Украина во ЕУ. Благодарен сум му на Анджеј и на целиот полски народ што го следиме овој пат онолку брзо, колку што е возможно.

Вечерта разговарав со Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон. Му раскажав на Борис за нашата средба, за разговорите, за ситуацијата на бојното поле. Бараме начини да го зголемиме обемот на нашиот извоз, пред се земјоделските производи. Како и обемот на увоз на гориво во Украина.

Се подготвувам да започнам нова недела на максимална дипломатска активност во интерес на нашата држава.

Во понеделник ќе се приклучам на дискусиите на форумот во Давос. Ова е највлијателната светска економска платформа, каде Украина има што да каже.

Во текот на неделата ќе има и други јавни обраќања, вклучително и обраќање до заедницата на Универзитетот Стенфорд. Како и посебен формат на комуникација со политичките и експертските заедници на Индонезија.

Секако, агендата вклучува и голем број контакти на билатерално ниво со претставници на различни држави и меѓународни организации. Нашата држава ги проширува своите меѓународни врски секоја недела за да добие сè што и е потребно за да ја заврши војната што е можно поскоро.

Ќе се одржи нова средба на претставниците на земјите партнери – „Рамштајн-2“, ако оваа група ја именуваме по местото на првата средба во Германија. Очекуваме нови корисни решенија за нашата одбрана.

Потпишав указ за наградување на нашите војници. На 194 воени лица на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди. Од нив 44 се постхумни.

Секој и секоја треба секогаш да се сеќава на овие луѓе. Оние кои ги даваат своите животи за Украина.

Ги даваат за сите генерации на нашиот народ можат да живеат слободно и самостојно да изберат, со кого да се дружат, кого да почитуваат и кои вредности да им ги пренесат на своите деца.“

 

Next Post

Преку 100 земјоделски производители од Тиквешко аплицирале за грант за набавка на трактори

НАЈНОВО

Кој музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025
Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk