ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски по посетата кај папата Франциск: Поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување

Премиерот информираше дека е отпочната иницијатива за потпишување на договор, односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата Столица , со кој ќе се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и ќе се унапреди соработката во обласи од заемен интерес.

May 23, 2022 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пораките за надеж и желба за просперитет во постпандемскиот период но и во време на справуавање со најголемата криза досега одекнуваат силно по посетата и во тој дух верувам дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средбата со папата Франциск во Ватикан.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, Ковачевски и папата Франциск се согласиле дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување и политики.

Премиерот информираше дека е отпочната иницијатива за потпишување на договор, односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата Столица , со кој ќе се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и ќе се унапреди соработката во обласи од заемен интерес.

-Од огромно заедничко значење и интерес е и натамошното унапредување на институционалната соработка меѓу Националната библиотека „Св.Климент Охридски“ и Ватиканската библиотека за соработка и размена на искуства во реставрацијата , конзервацијата и дигитализацијата на материјалите на книжното наследство, како и за соработка меѓу Архивот на Ватикан и Државниот архив на Република Северна Македонија, изјави Ковачевски по тет-а-тет средбата и аудиенцијата кај папата Франциск по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Ковачески додаде дека средбата со папата Франциск и особено средбата со државниот секретар Паролин ги искористиле за разговор околу можностите за соработка во областа на високото образование со иснтитуциите на Ватикан.

Поттик за оваа нивна заедничка желба, како што напомена, доаѓа од успешната соработка во областа помеѓу Папскиот универзитет „Урбаниана“ и универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

-Почитувањето на разликите како еден од столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања како и негувањето на слободата и демократијата на Северна Македонија, додаде Ковачевски.

Тој напомена дека пораките за надеж и желба за просперитет во постпандемскиот период, но и во време на справуавње со најголемата криза досега одекнуваат силно по посетата и во тој дух, како што потенцираше, верува дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, поддршка за најранливите, еднаквост, толеранција и човечко достоинство.

Прашан какви се очекувањата од следната средба со бугарскиот премиер Петков, Ковачевски напомена дека ќе имаат средба на која ќе разговараат за напредокот на разговорите помеѓу Министерствата за надворешни работи.

-Денеска ние имавме состанок и со други официјални лица во Ватикан, со задолжени за межународни односи со секретарот на Ватикан исто така во текот на попладневните часови ќе имаме и средба со бугарскиот премиер. Јас и и бугарскиот премиер имаме редовна комуникација која што се одвива на најразлични теми и со оглед на тоа дека и тие денеска се во Рим, ќе имаме средба на која ќе разговараме за напредокот на разговорите помеѓу Министерствата за надворешни работи, рече премиерот Ковачевски. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Доживотен затвор за младиот руски војник Вадим Шишмарин за воено злосторство во Украина

НАЈНОВО

ЦИВИЛ е дел од европска иницијатива за одбрана на медиумските слободи и демократијата

September 4, 2025
Скриншот

Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани на 91 година

September 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Расте бројот на жртви во Авганистан по разорниот земјотрес

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk