ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува историското судење за импичмент на претседателот на САД

Политичката состојба во кој се наоѓаат САД е уникатна, импичмент на претседателот се случува, како што таму велат многумина, „еднаш во животот“, и во Вашингтон се чувствува одреден негативен набој и нервоза.

January 21, 2020 09:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Сенат го отвори судењето за импичмент на шефот на државата Доналд Трамп во четвртокот, со заклетва на главниот судија на Врховниот суд на САД, Џон Робертс, пред кого потоа се заколнаа сите сенатори. Првите распити почнуваат утре.

Политичката состојба во кој се наоѓаат САД е уникатна, импичмент на претседателот се случува, како што овде велат многумина, „еднаш во животот“, и во Вашингтон се чувствува одреден негативен набој и нервоза.

Предметите по кои е обвинет Трамп, од Долниот дом на американскиот Конгрес до Сенатот беа предадени во услови на затегнати безбедносни мерки на Капитол хил.

Трамп е обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот, за наводна изнуда од Украина да отвори антикорупциска истрага против политичкиот ривал Џо Бајден, со задршка на 391 милион долари воена помош за таа земја, сојузник на САД, чиј дел од територија е воено окупиран од Русија.

Но Трамп, кој постојано изјавува дека целата ситуација со импичментот е „грешка“ на демократите, смета дека ќе биде ослободен од обвиненијата, а неговите постапки кон Украина, според него, се дел од борбата со корупцијата во таа земја.

Сепак демократите се неумоливи, откако изгласаа отповикување на Трамп во Претставничкиот дом во декември, сега тие бараат распит на останати сведоци кои би можеле да откријат нови детали од притисокот врз Киев.

Освен дискусиите утре и в среда, малку се знае каков ќе биде распоредот на судењето за импичмент потоа. Извесно е само дека гласањето за импичментот ќе се случи некаде во втората половина на февруари. Републиканскиот сенатор Џон Корни проценува дека судењето може да трае околу три недели, но зависно од тоа колкумина сведоци ќе бидат повикани, доколку се случи тоа, овој рок може да се развлече.

Првата сесија започнува утре во 13 часот по локално време, со приложување вербални аргументи на седумте менаџери на судењето (обвинители) на демократите во Конгресот, в среда во истото време почнува сесија со настап на бранителите на Трамп.

Правилата за судење за импичмент се јасни. Утрешната сесија ќе започне со повикот „Хир ју, хир ју (Послушајте, послушајте)! Сите присутни се повикуваат да молчат, за непослушност се оди в затвор, додека Сенатот на Соединетите Држави заседава на суд за предметите на импичментот“. Или кажано поедноставно, додека во салата настапуваат обвинителите и бранителите сите останати треба да молчат фокусирани на процесот.

Неизвесно е што ќе се случува во Сенатот в четврток и петок. Демократите бараат Горниот дом на Конгресот да повика најмалку тројца сведоци – а оние кои засега потврдија дека ќе одговорат ако бидат повикани со судска покана се Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност во Белата куќа и Лев Парнас, асистент на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, кој минатата недела во Конгресот предаде куп документи што ги инкриминараат и Џулијани и Трамп.

Претседателот за Парнас изјави дека „не го познава овој човек“.

Републиканците сметат дека нема потреба од нови сведочења поради тоа што недостатоците во доказниот материјал укажуваат дека била спроведена лоша истрага.

Државната ревизија на САД, независно тело, пак, во петокот во свој извештај оцени дека со задржаната воена помош за Украина, Белата куќа прекршила федерален закон.

По се изгледа, повикувањето на побараните сведоците треба да биде изгласано од сенаторите, и таа одлука ќе биде донесен откако седумте обвинители од демократите и бранителите на Трамп не ги претстават своите аргументи „за“ и „против“ отповикување на 45-от американски претседател.

Next Post
Бојко Борисов

Борисов од Давос: Бугарија ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk