ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Прилеп ќе се одржи фестивал на убавината „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

May 25, 2022 15:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На 28 мај во Домот на културата во Прилеп ќе се одржи Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022. Фестивалот во ваков формат се одржува за прв пат во Македонија, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер, информираат организаторите.

 

Организатор на фестивалот е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Директор на фестивалот е Крешимир Крешо Здравески, кој е воедно и креатор и реализатор како на претходните, така и на овој фестивал.  На вчерашната пресконференција организаторите  на Open beauty Hair Fest посочија дека фестивалот ќе се состои од:

– Саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија, Хрватска и Албанија.

Детско фризерско шоу кое ќе се случува за прв пат во градот под Марковите кули, а ќе се состои токму со програма наменета за деца. Децата и нивните родители ќе се запознаат со нега на детска кожа, коса, витамини и минерали, препарати корисни за децата во време на лето, постковид состојба… и сето тоа претставено со сценски настапи, кловнови, магионичари, маскоти со омилените детски ликови, принцови и принцези..

– Сценски шоу настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството

– Забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка, ќе го развиваме занаетот…

Учество ќе земат Денс студио Њу џенерејшен, Детскиот хор “Весели ѕвончиња“, маскоти, аниматори како и едукативна презентација од стручно лице, претставник на Зегин, кој е воедно и еден од покровителите на фестивалот, кој ќе ги едуцира дечињата преку интересна интеракција и анимација за нега и грижа за детското здравје. Исто така децата ќе видат нови модни трендови на коса и прекрасни детски фризури, за што ќе има професионален сценски настап со деца модели.

Од 12.30ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија. Прилеп, уште еднаш докажува дека е град лидер во одржување и унапредување на занаетчиство.

Настан трае од 11.00 до 18.00 час на 28.05.2022 година ова сабота во Прилеп, ЦК „Марко Цепенков“.

Билетите се во продажба на билетарата на ЦК „Марко Цепенков“.

 

 

Next Post

Путин потпиша Указ за издавање руски државјанства и пасоши за жителите од Запорожје и Херсон

Shortcut

Најново

Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk