Криминалиот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог, велат од СДСМ.
„Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски.
Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.
Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец.
Надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал а одговорните да бидат соодветно санкционирани.
Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, велат од СДСМ.