ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Портпаролот на грчко МНР: Северна Македонија и Албанија треба веднаш да започнат преговори со ЕУ

June 1, 2022 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грчката поддршка за ЕУ перспективата како на Северна Македонија и Албанија, така и на останатите земји од регионот, уште еднаш ја изрази портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина истакна дека Скопје и Тирана треба веднаш да ги започнат преговорите.

-Ние вложуваме секакви напори и им го потенцираме тоа и на нашите европски партнери и на земјите од регионот и нашата позиција е дека овие преговори за интеграција треба да започнат веднаш и дека не постои простор за дополнително доцнење. Сепак, потребно е да постои едногласна одлука од Европската Унија за почеток. Но, нашата позииција, беше е и ќе биде јасна и тоа им го кажавме на сите наши соговорници, рече Папајоану, на прашањето на МИА во однос на тоа дали по посетата на Дендиас на Северна Македонија и Албанија постои оптимиам за итен почеоток на преговори со ЕУ.

Говорејќи за турнејата на шефот на грчката дипломатија на Западен Балкан, Папајоану објасни дека една од пораките што ги упати Дендиас е дека „не треба да се загуби моментумот“, а земјите од регионот како основна перспектива да го задржат европскиот курс, бидејќи Грција смета дека тоа во корист и на регионот и на ЕУ,  за да го поддржи проширувањето на стабилноста.

Додаде дека „независно од барањето на Украина за членство во Европската Унија, не може да има заостанување на европскта перспектива на Западен Балкан“ и истакна дека и Грција и Европа треба да продолжат да ја поддржуваат оваа перспектива

Друга важна порака, како што рече поррпаролот на грчкото МНР е дека тие се против било каква промена на границите во регионот и пошироко.

-Било каква помена на границите би имало катастрофални последици и за регионот и пошироко. истакна Папајоану.

Дендиас минатата седмица ги посети Скопје и Тирана, вчера беше во Сараево, а балканската турнеја ќе ја продолжи во вторник и среда со посета на Подгорица и Приштина, додека пак планирано е и патување во Белград.

Следниот петок, на 10 јуни, како што веќе има објавено МИА, во Солун ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и Самит на високо ниво со што ќе се означи крајот на грчкото претседателство./МИА/

Next Post

Врховниот суд ги одби барања на Јанева и Јовановски за случајот „Рекет”

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk