ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Кралицата Елизабета Втора го прославува платинестиот јубилеј – 70 години на британскиот престол.

June 2, 2022 13:41
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Кралицата Елизабета Втора од денеска до 5 јуни го прославува платинестиот јубилеј – 70 години на британскиот престол. Милиони луѓе ширум Велика Британија и светот денеска ќе може да се придружат во славењето на 96-годишната кралица, која владее подолго од кој било нејзин претходник, објави Британската влада.

– Им благодарам на сите што учествуваат во овој собир, семејството, соседите и пријателите, кои ќе ја одбележат мојата платинеста годишнина, во Обединетото Кралство и Комонвелтот. Продолжувам инспирирана од добрата волја што ми е укажана и се надевам дека наредниве денови ќе ми дадат можност да размислам за сѐ она што е постигнато последниве 70 години додека гледаме кон иднината со верба и ентузијазам, истакна кралицата Елизабета.

Поради возраста и неодамнешните тешкотии со подвижноста, кралицата мораше да откаже дел од програмата и нејзиното учество на прославите ќе биде ограничено. Дел од свечените должности ќе преземат нејзиниот син и наследник, 73-годишниот принц Чарлс и неговиот најстар син, 39-годишниот принц Вилијам.

На централната прослава нема да присуствуваат 62-годишниот принц Ендрју, кој се спогоди во февруари во случајот каде што е обвинет за сексуално злоставување малолетничка, како и принцот Хари, кој сега живее во Лос Анџелес, САД.

Инаку, прославата започнува со воена парада во центарот на Лондон, а за првпат Нејзиното височество ќе поздрави околу 1.500 војници од балконот на Бакингемската палата. Армијата напладне ќе приреди почесен вод во чест на кралицата во Лондон и на повеќе места ширум Велика Британија.

Денешниот ден не е само почеток на јубилејот, туку и 69-годишнина од крунисувањето на Елизабета, која стана кралица по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести во февруари 1952 година.

Анкетите покажуваат дека таа и натаму е прилично популарна меѓу Британците. Испитување спроведено неделава покажува дека 80 отсто од нив имаат позитивно мислење за кралицата, а три четвртини сметаат дека таа добро си ја врши работата.

В петок во катедралата Сент Питер ќе се одржи миса на благодарност, а в сабота кралското семејство ќе присуствува на коњската трка „Епсом дерби“. Истиот ден ќе има и концерт пред Бакингемската палата на којшто ќе настапат „Квин“, Алиша Кис, Дијана Рос и други изведувачи.

Ќе бидат доделени голем број медали. Глумецот Демијан Луис, писателот Ијан Ранкин и поранешната прва министерка на Северна Ирска, Арлин Фостер се меѓу 1.100 лица одликувани од британската кралица.

Луис, кој доби „Златен глобус“ за неговата улога во ТВ-драмата „Татковина“, го доби Орденот на Британската Империја за заслуги во глумата и добротворните цели – покренување кампања со неговата покојна сопруга Хелен Меккрори за собирање милион фунти за обезбедување храна за здравствените работници за време на пандемијата. Фостер, која беше прва министерка во својата британска покраина меѓу 2016. и 2021 година, и писателот на криминалистички приказни, Ијан Ранкин, добија витешки титули.

Настанот ќе биде проследен со барем 16.000 улични забави низ Англија, како што се најавува.

Пред речиси еден месец, т.н. „Швајцарски ролат со лимон и ‘Амарети’-парчиња“ беше избран за официјален десерт на платинестата годишнина од владеењето на британската кралица Елизабета Втора. Оригиналниот рецепт за тортата е на Џема Мелвин, а е инспириран од коктелот со лимон послужен на свадбата на кралицата со принцот Филип во 1947 година. Ролатот содржи парчиња лимон, крем, желе „Сент Клементс“, мандарина и парчиња бисквити „Амарети“.

Можеби најважниот услов на организаторите беше она – тортата да може да се направи лесно и од гледачите дома, па и тие да се насладуваат со истиот рецепт при националната прослава во земјата./МИА/

Next Post
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Костадиновска-Стојчевска: Со САД интензивно работиме на заштитата на културното наследство

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk