ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со САД интензивно работиме на заштитата на културното наследство

June 2, 2022 13:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ќе склучи договор за соработка со САД на полето на заштитата на културното наследство во насока на превенција од нелегална трговија со културни добра, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е дел од владината делегација за Стратегискиот договор во Вашингтон, по средбата со Дебора Лер, претседавач на бордот на директорите на Коалицијата за антиквитети овластена од Стејт департментот.

Костадиновска-Стојчевска и Лер, како што соопшти Министерството за култура, ја поддржаа иницијативата за потпишување билатерален договор за контролиран извоз на археолошки и етнолошки материјали од Северна Македонија во САД.

– Од особено значење е соработката со САД што ја започнуваме и верувам дека ќе резултира со бенефит за државата за заштита на нашите културни добра, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Дебора Лер, на средбата со министерката Костадиновска-Стојчевска, истакнала дека Коалицијата за антиквитети активно работи на оваа тематика повеќе од 10 години и има развиено многу механизми во кои се вклучени и американските безбедносни служби, а со цел да се следат и да се детектираат делата што се увезени нелегално.

Во меѓувреме, како што наведуваат од Министерството, ќе се одржи работен состанок со асоцијацијата Коалиција за антиквитети и сите нивни придружни органи што се занимаваат со оваа проблематика. Министерството за култура, МВР и Управата за заштита на културното наследство интензивно ќе работат на текстот на договорот со соодветните институции од американска страна.

– Тие имаат многу повеќе искуство, за разлика од нас, а ќе соработуваме и со група од невладината организација што се занимава со правни прашања и правни решенија во однос на трговијата со уметнички дела, слики, артефакти, антиквитети, сѐ со цел да ни олесни во креирањето нови законски решенија, вели министерката.

На средбата, Костадиновска-Стојчевска изразила голема бладогарност за поддршката што оваа организација ѝ ја понуди на Република Северна Македонија за зачувување на македонското културно наследство, а преку механизмите на Стејт департментот./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk