ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Мицкоски ја погази Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија (ВИДЕО)

June 4, 2022 16:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е Резолуцијата за македонските позиции, во контекст на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии. Оваа Резолуција за македонските позиции во однос на Бугарија ја погази Христијан Мицкоски, рече на денешната прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа нагласи дека во оваа Резолуција за македонските позиции, под број 4, јасно стои дека процесот за евроинтеграција на нашата држава мора да продолжи со: „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“.

Кузеска вели дека на ниту едно место во оваа резолуција не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, и името на самата Резолуција покажува, се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија, истакнува портпаролката на СДСМ.

Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија.

Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Бугарија.

Дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Тоа е факт признаен и потврден од сите.

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание?

Ова е прашање од врвен национален интерес и ваков чекор на Мицкоски кој ги поткопува државните позиции во однос на Бугарија, е еднакво на предавство на националните интереси.

Два дена лажниот патриот Мицкоски се крие, нема одговор ниту од него ниту од Белата палата зошто на Конгрес на ЕПП прифатиле Резолуција со ставови на Бугарија.

Го повикуваме да излезе пред граѓаните и да одговори, зошто прифатил резолуција спротивна на македонската Резолуција за македонските позиции?

Зошто Мицкоски и го направи ова на сопствената земја и сопствениот народ?“, истакна Кузеска

Next Post

УЕФА се извини за квалитетот на организацијата на финалето на Лигата на шампионите во Париз

НАЈНОВО

Селим Ибраими

Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

November 4, 2025
Скриншот

Анчелоти: Имам добри односи со Винисиус, како и со другите играчи

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk