ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дескоска: Дали ќе се донесе или не законот за ЈО зависи од волјата на ВМРО-ДПМНЕ

-За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтегравција на нашата држава да го поддржат законот, така што оти и таа опција не е исклучена, рече Дескоска.

January 22, 2020 11:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шансите дали ќе се донесе или не законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, да ги стави интересите за евроинтеграција пред интересите на одредени нивни партски членови за кои се водат постапки сега од редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство.

Ова го изјави министерката за правда Рената Дескоска пред промоција на иницијативата „Отворено судство“ која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија” денеска во Скопје.

На новинарско прашање дали има опција законот да се донесе без ВМРО-ДПМНЕ, министерката Дескоска рече дека и тоа не е исклучено.

-За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтегравција на нашата држава да го поддржат законот, така што оти и таа опција не е исклучена, рече Дескоска.

Ние влегуваме, како кажа министерката, со искрена и добра волја да се донесе тој закон и целиот период  истакнувавме и држиме до тој став дека законот што ќе се донесе треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело кое што се гони во моментот или е во фаза на истрага или пред истрга.

-Она што го слушам како најави од страна на ВМРО – ДПМНЕ за одредени забелешки, ако се остане навистина на тоа што е, може да дојдеме до договор. Но, јас не можам да прејудицирам сè додека не ги видиме написмено нивните ставови и забелешки, бидејќи често пати она што декларативно го кажуваат  и она што ќе го напишат како конкретен амандман се разликува и честопати во тие амандмани се кријат одредени задни намери особено за случаите на СЈО, нагласи Дескоска.

Според неа, евентуално нивните намери во тој дел би се движеле околу предметите на Јавното обвинителство и основите за разрешување на обвинителите.

-Она што мислам е или лошо читање или намерен спин во однос на законот, а тоа како што читам во медиумите дека наводно се вдомувале обвинители од СЈО во Обвинителството за организиран криминал е апсолутно неточно. Секој којшто ќе го прочита законот ќе види дека  практично законот предвидува  проширување на бројот на обвинители во Обвинителството  за организиран криминал, за којшто број потоа ќе се распише  конкурс и секој обвинител  којшто исполнува услови ќе  може да конкурира, значи не значи тоа апсолутен трансфер на  обвинителите од СЈО, вели Дескоска.

Целта на овој предлог, како што нагласи министерката за правда, беше и е да се создаде капацитетно обвинителство за организиран криминал  што ќе ги има сите предуслови вклучувајќи ги човечките капацитети да ги преземе зголемените надлежности кои ги има според овој закон.

На прашање за нова средба на работните групи, Дескоска одговори дека согласно вчерашниот договор денеска ги очекуваат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и штом ги добијат веднаш ќе закажат средба со работните групи.

-Законот предвидува критериуми кој може да биде обвинител и кој ги бира обвинителите, а тоа е Совет на јавни обвинители. Така што во тој дел ниту законот каков што го имаме предложено прејудицира, нуту можеме да дозволиме со амандмани било кој политичар да се меша во изборот на обвинители, рече Дескоска и додаде дека договорот за законот треба да се донесе што е можно побрзо за да се донесе до распуштање на Собранието, односно до 11 февруари.

Next Post

Русија како најголем надворешен извор на дезинформации во регионот

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk