Според прелиминарните податоци, Русите кон Киjив лансирале ракети од авиони Ту-95 над Каспиското Море.
„Утринава, на 5 јуни, непријателот лансираше неколку проектили кон Киjив. Околу 06:00 часот, припадниците на службата на противвоздушната ракетна единица на Воздухопловната команда „Центар“ ги открија и испукаа врз нив. Уништена е една крстосувачка ракета. “, објави командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.
Командата на воздухопловните сили бара да не се игнорираат сирените за воздушен напад, јавува Укринформ.
Како што е соопштено, утрото на 5 јуни, украинските сили за воздушна одбрана собориле руски проектил над областа Обухив во Киевската област.
Исто така утрово, руските сили лансираа проектили врз областите Дарницки и Днипровски во градот Кијив. Според градоначалникот, Виталиј Кличко, едно лице е хоспитализирано.
Ј. Ѓ.