Вкупно 614 куќи и објекти се оштетени, а 90 целосно уништени од руските војници во селото Димер во Киевската област, изјави шефот на регионалната воена управа на Кијив, Олексиј Кулеба на Телеграм, јавува Укринформ.
„Во селото Димер, од руската агресија, оштетени се 614 згради, 90 згради се целосно уништени. Оштетена е и фабрика на еден од најголемите производители на прозорци во Украина“, напиша Кулеба.
Кулеба ги прегледа уништените станбени куќи и разговараше за најважните задачи за обнова на населбите.
„Ги правиме сите напори за да обезбедиме локалните жители да можат да се вратат во своите домови што е можно поскоро и да се обноват соодветните услови за живот во заедниците“, нагласи Кулеба.





