Русија веќе изгуби околу 31.360 војници во Украина (+110 во изминатиот ден), соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.
„Помеѓу 24 февруари 2022 година и 7 јуни 2022 година, вкупните борбени загуби на непријателот вклучувале и 1.390 тенкови (+4 во изминатиот ден), 3.416 оклопни борбени возила (+16), 694 артилериски системи (+4), 207 повеќекратни ракетни системи (+0), 96 системи за противвоздушна одбрана (+0), 212 авиони (+1), 177 хеликоптери (+1), 2.405 моторни возила и резервоари за гориво (+10), 13 воени бродови / чамци (+0) , 553 беспилотни летала (+2), 53 единици за специјална опрема (+0). Соборени се вкупно 125 непријателски крстосувачки ракети (+0)“, наведуваат од Генералштабот.
Во текот на изминатиот ден, руските војници претрпеле најголеми загуби во правец на Славјанск.
Ј. Ѓ.