На крај ќе кажам два збора за Европската Унија и за оваа „свадба“. Велам свадба затоа што секогаш кога доаѓа овој Европски совет, ние се подготвуваме како за свадба. Јас сум кажал и порано. Албанија веќе не се подготвува за таа свадба. Ако не поканат, ќе си дојдеме како што сме си облечени. Нема да се облечеме свечено, нема да нарачаме посебен оркестар, да дојдат сватовите и да не остават сами со невестата, бидејќи не доаѓа зетот да ја земе, рече претесдателот на Албанија, Еди Рама во своето обраќање на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид.

„Отворен Балкан е маж, а невестата е Европската Унија. Ова е лошо за нас. Да бевме ние невестата, ќе не земеа побргу. А, кога си маж со толку големи проблеми и минато, убиства… тоа е голем проблем. Но нашиот пат е многу јасен, ние сакаме Европа да ја изградиме овде. Што значи тоа? Да изградиме наши системи за функционирање на државата, стопанството. ..и потоа, кога тие ќе сакаат свадба да направат, ние ќе бидеме подготвени ….Затоа на пријателите од Северна Македонија ùм велам „не ја земајте со голема нервоза и стрес оваа свадба“, нù го пренесеувате стресот. Ве гледаме, нема да ве земат. Завршено е. Бугарија сега излегла, а Бугарија е маж за себе, не е убава жена, и таа е маж со проблеми, изјави Рама.
Тој им се обрати на премиерот и граѓаните на државата.
„Драг Димитар и пријатели од Северна Македонија, сега е времето да завршите со овој стрес, нè викнаа, не нè викнаа. Време е да си ги средиме работитете тука, а на Бугарија кога ќе ù се здосади од оваа игра ќе ја фрли оваа „кукла“ и ќе најде друга, и ќе се отворат преговорите. Ова се само почеток на преговори, а тие ќе завршат кога актуелниот бугарски премиер ќе биде дедо, стар човек“, рече Рама.
И. Т. З.






