Извршниот одбор на Светска банка во вторникот одобри дополнително финансирање од 1,49 милијарди долари за Украина, јавува Ројтерс.
Траншата има за цел да помогне во исплата на платите за владата и социјалните работници, проширувајќи ја вкупната ветена поддршка на банката на над 4 милијарди американски долари.
Во соопштението на Светската банка се вели дека последната рунда на финансирање за Украина е поддржана со гаранции за финансирање од Велика Британија, Холандија, Литванија и Летонија, вели Глобал њуз.
И Јапонија ќе ја зголеми помошта за Украина за 500 милиони американски долари
Проектот, исто така, е поддржан со паралелно финансирање од Италија и придонеси од новиот Доверлив фонд од повеќе донатори.
Украина соопшти дека ѝ се потребни најмалку 5 милијарди долари месечно во блиска иднина за да ја одржи владатаза време на руската инвазија, која запре голем дел од нејзината економија.
Финансиските лидери на Г7 ветија дополнителни 9,5 милијарди долари во мај. Вкупниот износ на невоена поддршка на тој начин ќе достигне речиси 20 милијарди долари.
J. Ѓ.