ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ

June 9, 2022 13:17
in БИЗНИС, БРОЈКИ, ДЕНЕС, СВЕТ

Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната.

Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции изутринава падна за 0,6 поени.

Лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,4 отсто на 7.562 поени, франкфуртскиот „DAX“ се лизна за 0,55 отсто на 14.366 поени, а парискиот „CAC“ за 0,59 отсто на 6.410 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи, па така азиско-тихоокеанскиот „MSCI“ (без јапонските акции), изутринава околу 9:30 часот беше во минус од 0,4 отсто, по вчерашниот раст од околу еден процент.

На токиската берза индексот „Никеи“ зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонг Конг, Шангај и Австралија паднаа меѓу 0,1 и 148 отсто.

Инвеститорите ги поколеба вчерашниот пад на берзанските индекси на Волстрит, поради што загубија дел од добивките остварени претходните два дена. „Dow Jones“ се намали за 0,8 отсто, „S&P 500“ за 1,1 отсто, а „Nasdaq“ индексот за 0,7 отсто.

Од 11-те најважни сектори на индексот „S&P 500“ вчера раст бележеше само енергетскиот поради поскапувањето на нафтата, во услови кога барелот на лондонскиот пазар достигна тримесечен максимум од 123 долари.

Бидејќи зголемувањето на цените на енергијата последните месеци е една од најважните причини за зголемување на инфлацијата во светот, инвеститорите стравуваат дека инфлацијата ќе остане на високо ниво подолго од очекуваното. Тоа може да ги натера најголемите централни банки во светот агресивно да ги зголемат каматните стапки.

Токму од тие причини приносите на 10-годишните државни обврзници во САД вчера ја пробија психолошки важната граница од три отсто, што веднаш негативно се одрази на берзите.

„Растот на добивката од 10-годишните обврзници над три отсто веројатно е една од причините за падот на цените на акциите. Тоа е нивото на кое се фокусирани инвеститорите бидејќи претставува зголемување на каматните стапки и е одраз на инфлација и на пазарна нестабилност“, изјави Роберт Павлик, портфолио-менаџер во „Dakota Wealth“.

Kако се движи инфлацијата во САД ќе се дознае утре кога ќе биде објавен Извештајот за потрошувачките цени за мај. Останува да се види дали инфлациските притисоци веќе го достигнаа својот врв па полека ќе попуштаат или инфлацијата и натаму ќе биде блиску нивото највисоко за последните 40 години.

Поради толку високата инфлација Федералните резерви на САД (ФЕД) од март ги подигна каматните стапки за 0,75 процентни поени, што сега се движат меѓу 0,75 и еден процент.

Се очекува овој и наредниот месец, а можеби и во септември ФЕД дополнително да ги зголемат каматните стапки за по 0,50 процентни поени така што до крајот на годината клучните каматни стапки би можеле да се движат од 2,50 до 2,75 отсто.

Имајќи го предвид рекордното ниво на инфлација во еврозоната, инвеститорите проценуваат дека челниците на Европската централна банка ќе донесат одлука за прекин на стимулативната програма, како и да сигнализираат наскоро зголемување на клучните каматни стапки.

Тоа се смета дека е причина за воздржаноста на инвеститорите, независно што макроекономските податоци испаднаа подобри од очекуваното. Кинескиот извоз се зголеми за речиси 17 отсто на годишно ниво во мај, а увозот за околу 4 отсто, што покажува дека економијата закрепнува благодарение на постепеното укинување на рестриктивните мерки за справување со епидемијата на коронавирусот. /МИА/

Next Post

Абрахам: Шолц мора силно да ја притисне Бугарија, има механизми да се натера да го тргне ветото

НАЈНОВО

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

August 21, 2025
Фото: МИА

Првата награда „Златен стрип“ за Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ од Србија

August 21, 2025

Николоски – Наѓ: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет на Македонија и Унгарија

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk