По информациите во медиумите градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да објаснат пред граѓаните која е нејзината поврзаност или улога во палење на возило? Очигледно на повидок е нов скандал поврзан со Данела Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Според информациите на медиумите, Арсовска била повикана на разговор во полициска станица поврзано со случај со закани и опожарување на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори.
Како што се наведува, извршната директорка и првиот човек на Сојузот на стопански комори кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Арсовска за градоначалничка биле изложени на разни притисоци, закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.
Ова се сериозни индиции за голем скандал и затоа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да одговорат: Каква е поврзаноста на Арсовска во заканите и палаењето на возилото?Дали Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова?“, пишува во партиското соопштение.