Со крајно недуховита и неумесна шега, албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера, пренесува Телма.
За да ја долови тешката состојба со бугарското вето, кое покрај Македонија закочена ја држи и Албанија на европскиот пат, Рама често користи хумор и сатира.
Додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Северна Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја дипломатски за да не пропадне несоодветната шега на албанскиот премиер.