Советникот од Левица во Општина Прилеп, Иван Јованоски, крајно непримерно и вулгарно се однесува на 12-та седница на Општина Прилеп. Своето уличарско поведение се обиде да го оправда со тврдењето дека седницата почнала неделовнички, па затоа „ќе правам што сакам“. Арогантно ги повика службите да повикаат обезбедување, дека го „болело таквото“.
Јованоски од Левица ѝ е познат на јавноста по вулгарно и насилничко поведение. Тој е висок функционер на партијата, советник во Општина Прилеп и близок на шефот на Левица, Димитар Апасиев.
Д. Е.