ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ откри рецепт за иднината

Абазовиќ рече дека „Отворен Балкан“, на чиј Самит во Охрид присуствуваше, откри „рецепт за иднината“. Абазовиќ истакна дека иницијативата може да стане мост на мирот меѓу Истокот и Западот.

June 14, 2022 10:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се случи „пресврт на што регионот треба да биде горд“, а Европа „виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина“, смета црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

– Наместо за тоа „кој прв започна војна“, се разговараше за туризам, слободна трговија, енергија, земјоделство, економска и здравствена криза, како и за инфраструктура, изјави Абазовиќ во интервју за „Политика“.

Според него, „Црна Гора е подготвена да допринесе за единство и заедништво на Западен Балкан“, затоа што, за неговата земја „патот кон ЕУ нема алтернатива“.

Тој додаде дека „Отворен Балкан“, на чиј Самит во Охрид присуствуваше, откри „рецепт за иднината“. Абазовиќ истакна дека иницијативата може да стане мост на мирот меѓу Истокот и Западот.

Црногорскиот премиер нагласи и дека „кога отворено се разговара за иднината на Западен Балкан, на сосем друг начин од оној што беше вообичаен, без свртување кон темите што предизвикуваат конфликти, тогаш на светот му праќаме сосема поинаква порака“.

Во Охрид „Европа виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина, решен со заеднички сили да ја надмине економската криза“, додаде премиерот.

Тој наведе и дека на Самитот во Охрид гледал и како шанса за зајакнување на добрососедските односи, „нешто со што претходно земјите од Западен Балкан не можеа да се пофалат“.

– Мислам дека ова е првпат лидерите од Западен Балкан да се соберат и да разговараат за реалните потреби на своите граѓани, опасностите што се закануваат поради најавената криза и недостигот од основни животни намирници и енергенси на пазарот, со цел со заеднички сили да се предупредат сите негативни ефекти што руската инвазија ќе ги остави во Европа, подвлече Абазовиќ. /MИА/.

Next Post

Битиќи: Се случува вештачко зголемување на цените, во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk