ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Од денеска треба да има намалување на цените на основните прехранбени производи

June 15, 2022 15:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува да има намалување на малопродажните цени на основните прехранбени производи по вчерашното донесување на одлуката за ограничување на маржите.

-Одлуката за ограничување на маржите за основните производи денеска е објавена во Службен весник. Од информациите што ги имаме од Пазарен инспекторат денеска до 15 часот треба сите производители и дистрибутери да формираат нови цени кои ќе ги достават до синџирите на супермаркети и согласно новите понудени цени ќе се намалат цените на основните производи доколку суровините и сите трошоци останале исти, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека на берзите веќе се намалува цената на пченицата и на сончогледот и на другите  суровини и земјоделски производи кои се користат за производство на финални производи.

-Најважно е да нема злоупотреба на договорите што ги имаат синџирите на супермаркети со производителите и дистрибутерите, рече Бектеши.

Согласно податоците и влезните фактури кои се проверени од страна на Царинската управа во делот на суровините или, пак, во делот на готовите производи и оперативните трошоци што ги пријавувале компаниите од март до мај, потенцира, не гледаме дека има некое зголемување на оперативните трошоци во делот на поголеми сметки за електрична енергија или други трошоци.

-Од април се зголемија минималните плати, а до мај се применуваа и се признаваа зголемувањето на платите кое беше вкалкулирано како дополнителен трошок од страна на компаниите за да ги зголемат цените. Немаме одлука од 1 јуни за дополнително зголемување на минимална плата, па да се зголеми делот на платите во нивните оперативни трошоци или, пак, нема зголемување на цената на електричната енергија за дополнително да стават проценти на она што било во мај сега во јуни за трошоци  за електрична енергија, појасни Бектеши и додаде дека секојдневно се следат сите трошоци.

Next Post

Ковачевски: Поддршката на информатичкиот сектор ќе продолжи, за нови работни места и за развој на конкретни бизниси и старт ап компании

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk