Меѓународните партнери продолжуваат да доаѓаат во Украина. И ова е важна манифестација на поддршка за нашиот народ. Денеска имам средба со премиерот на Албанија Еди Рама и со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Укринформ, информира ЦИВИЛ.
Албанија, Црна Гора и Северна Македонија го поддржуваат доделувањето на кандидатски статус на нашата земја за членство во ЕУ. На овој европски пат нашите земји не се конкуренти, тие меѓусебно ги надополнуваат и зајакнуваат можностите. Еди Рама и Дритан Абазовиќ, ви благодариме за посетата и продуктивните разговори!, изјави Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека по резултатите од неговата средба со премиерите на Албанија, Црна Гора и виртуелното присуство на премиерот на Северна Македонија, усвоена е заедничка изјава за поддршка на Украина да и се даде статус на кандидат за членство во ЕУ.
„Благодарен сум на сите што ја усвоија заедничката изјава за поддршка за статусот кандидат на Украина за ЕУ“, рече претседателот на брифингот во средата во Киев. Нашите земји треба да бидат полноправни членки на ЕУ и се согласуваме дека нашите држави не се конкуренти на овој европски пат, туку само меѓусебно се зајакнуваат“, рече претседателот на Украина.
Претседателот на Украина Володимир Зеленскиистакна дека овој состанок ја покажува поддршката на премиерите, а со тоа и на народите, на нашиот територијален интегритет, нашиот суверенитет, нашиот курс за полноправно членство во Европската унија, како и потребата да се привлечат сите.
“ Руските воени криминалци да одговараат за она што го направија против Украина и против Европа“.
„Се согласуваме дека ефективен тактички одговор на руската агресија треба да биде уште поголема помош за Украина. Седмиот пакет санкции треба да биде подеднакво чувствителен за државата агресор како и претходните шест земени заедно“, рече тој.
Премиерите на Црна Гора и на Албанија на 15 јуни се во посета на Украина. Тие ги посетија Ирпин и Бородинка во регионот на Киев.