Претседателот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, продолжува со обвинувањата и острите зборови кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако двете партии неделава официјално ја раскинаа коалицијата.
„Да кажува дека јас сум мртов човек и дека ми се броени деновите, да проверуваат дали ќе бидам осуден за тие да имаат в.д. градоначалник во општина Карпош, да држеле дистанца од мене итн. Па видете го човекот, тој сака или да умрам, или да бидам во затвор, или да ми направи преврт во партијата“, вели Стевчо Јакимовски во интервју за „Макфакс“.
Тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „функционира како Путин“.
„Кој е тој во цела Македонија да кажува што треба да се прави? Ај што е шпицен премиер, изигрува и шпицен градоначалник. Може секаде, но во Карпош не може да биде шпицен градоначалник“, оценува Јакимовски.
Извор: Слободен печат