ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Во Крушево инвестираме преку 100 милиони денари, поддршката за локалните самоуправи продолжува

June 16, 2022 16:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестираме значајни средства за раст и развој на локалната економија, подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за зголемување на туристичкиот потенцијал на Крушево, истакна министерот Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Крушево, каде заедно со заменик министерот Беким Реџепи, државниот секретар Митко Трајчулески и градоначалникот Томе Христоски, извршија увид во рехабилитација на улицата „Питу Гули“, проект финансиран преку Министерството за транспорт и врски.

Преку Проектот за поврзување и рехабилитација на локални улици и патишта Министерството за транспорт и врски вложува 70 милиони евра неповратни средства во општините, а само за општина Крушево се предвидени 620 илјади евра за оваа намена.

Улицата „Питу Гули“ во градот Крушево, која се наоѓа во градското јадро и е од големо значење за населението во тој дел од градот, се реализира токму преку овој проект.

„Она што го ветивме пред жителите на Крушево, сега го гледаме на дело. Рехабилитацијата на улицата „Питу Гули“ за која инвестираме 5,5 милиони денари е во завршна фаза. Имаме комплетно нов асфалт и поставени се нови гранитни рабници, а во овој момент се поплочуваат тротоарите, со што овој дел од градот добива комплетно нов изглед.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој ја потенцираше одличната комуникација и соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Крушево и истакна дека само на тој начин можат да се реализираат што повеќе проекти и граѓаните да бидат позадоволни.

„Со општина Крушево и градоначалникот Христоски имаме одлична соработка. Со добра комуникација и со добри проекти го подобруваме животот на Крушевчани и го зголемуваме туристичкиот потенцијал на Крушево. До сега преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме преку 100 милиони денари за изградба и модернизација на патната и комуналната инфраструктура во општина Крушево, вклучувајќи ја изградбата на водоснабдителните објекти во Норово, Саждево и Борино, регионалниот пат од Крушево – Пуста Река, патниот правец Стопанство – Норово, како и транзитот низ градот. Инвестициите тука не завршуваат, продолжуваме со активна поддршка на сите локални самоуправи.“ – истакна министерот Бочварски.

Во општина Крушево преку Министерството за транспорт и врски во овој момент се реализира и изградбата на резервоарот што ќе го подобри водоснабдувањето во населеното место Јакреново, како и се работи на водоснабдувањето на индустриската зона „Опаленик“ за што вкупно се инвестираат 10 милиони денари.

Градоначалникот Христоски истакна дека инвестициите и проектите кои се реализираат во последните неколку години во Крушево се од огромно значење за Крушевчани и дека никогаш како сега не се работело во Крушево и покрај тоа што се наоѓаме во една светска економска криза.

„Во Крушево се гради, во Крушево се вложува како никогаш до сега. Оваа улица беше долгогодишно барање на локалните жители и како што ветивме со министерот Бочварски, комплетно ја рехабилитиравме. Во овој момент се работи на поплочување на троторите со гранитни плочи, со што проектот во целост ќе биде завршен 100% до крајот на месецот. Покажуваме дека кога се сака се може и со квалитетни проекти го менуваме изгледот на Крушево. Благодарност за поддршката од Министерството за транспорт и врски, одличната соработка продолжува и во наредниот период, бидејќи Крушевчани заслужуваат најдобри проекти и подобри услови за живеење.“ – изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пендаровски – Пахор: Формален старт за пристапни преговори со Северна Македонија мора да е императив за ЕУ

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk