ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Загубено драгоцено време во евроинтеграцијата на Северна Македонија, посветени сме на сегешаноста и иднината

June 17, 2022 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешни услови на светски превирања уште повеќе се нагласува темата на интеграција на Западен Балкан во Европа каде што тој природно и припаѓа, а кога станува збор за евроинтеграцсикиот процес на Северна Македонија загубено е драгоцено време.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски кој како главен говорник денеска на Преспа Форумот за дијалог  ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. Тој при тоа рече дека нема да зборува за минатото туку за иднината на земјата и регионот.

-Обично дискусиите на Балканот најчесто се водат за минатото и за историјата и постојат политичари кои што уживаат да зборуваат за теми од историјата, особено од соседството, а тоа се и најлесни теми за говорење бидејќи кога им зборувате на граѓаните за историја тогаш ништо и не им ветувате. Најтешко е да зборувате на граѓаните за економија бидејќи тогаш се ветува и тогаш граѓаните имаат очекувања за подобар животен стандард. Ќе зборувам за сегашноста и за плановите за иднината, за се она што ние како земја во соработка со земјите од регионот и нашите стратешки партнери го реализираме со единствена цел економски развој и подобра стандард за граѓаните, рече Ковачевски.

Тој стави фокус на три главни аспекти за денешната тема и тоа усоласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ и имплементација на стандардите на структурни реформи, регионалната иницијатива Отворен Балкан и нејзините економски бенефити и интеграцијата на регионот во ЕУ и единствениот пазар на Унијата,

-Нашата определба за членство во ЕУ е јасна уште од независностата на државата. Ние сме земја кандидат за членство уште од 2005, а пред 20 години е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), која предвидуваше да се постигне асоцијација за десет години. Иако оваа временска перспектива не се постигна, ССА и денес претставува единствената правна рамка која ги одредува односите меѓу двете страни, и која придонесува за економската и политчка стабилност на земјата  за консолидацијата на демократијата и владеењето на правото, рече Ковачевски.

На форумот ќе говорат и премиерката на Србија Ана Брнабич и Мајлинда Брегу ,претседателка на Регионалниот совет за соработка.

Сесијата, пак, насловена „Западен Балкан“ менаџирање во турбулентни времиња, попладнево ќе ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ, а меѓу говорниците ќе бидат специјалните пратеници за Западен Балкан на САД заменик помошникот државен секретар Габриел Ескобар, на Велика Британија Стјуард Пич и на Германија Маниуел Сарацин и на Австрија Јоханес Ајгнер. /МИА/

Next Post

Бектеши: Голем интерес за поставување фотоволтаици кај домаќинствата и компаниите (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk