Денеска е навистина историски ден – Украина ја почувствува поддршката на четири моќни европски држави одеднаш. И особено поддршка за нашето движење кон Европската Унија. Сите лидери разбираат зошто преговорите за завршување на војната не се во тек. Исклучиво поради позицијата на Русија, која само се обидува да ги заплаши сите во Европа и да продолжи со уништување на нашата држава. Тие не сакаат да бараат начин за мир. Ќе продолжиме да се бориме се додека на нашата држава не и гарантираме целосна безбедност и територијален интегритет, рече украинскиот претседател Володимир Зеленси во видео обраќањето во четвртокот навечер.
Денеска е навистина историски ден – Украина ја почувствува поддршката на четири моќни европски држави одеднаш. И особено поддршка за нашето движење кон Европската Унија. Со нас се Италија, Романија, Франција и Германија. Сите четворица лидери – г. Драги, г. Јоханис, г. Макрон и г. Шолц – ја поддржаа кандидатурата на Украина, изјави Зеленски.
Тој посочи дека мора да се следат сите релевантни процедури и да се приклучат сите земји-членки на ЕУ. Но, на денешната средба беше направен голем чекор – чекор напред. За него беше важно да слушне од лидерите уште една фундаментална работа – тие се согласуваат дека крајот на војната и мирот за Украина мора да бидат токму како што ги гледа Украина, како што ги гледа украинскиот народ.
Изрази благодархост на Италија за нејзината принципиелна политичка поддршка, макрофинансиската и одбранбената помош. Историски сега имаме најдобри односи – и изрази уверение дека може да се направи многу повеќе за нашите нации.
Исто така, се заблагодари на Романија за одбранбената помош и помошта при транзитот на нашата стока, вклучително и житото. Се договориле да го зголемат извозниот капацитет преку територијата на Романија.
Претседателот информираше дека Франција ќе обезбеди дополнителни артилериски системи Цезар, што е многу важно за украинската одбрана. Исто така, претседателот Макрон отворено рече дека европската поддршка за Украина треба навистина да покаже дека ги браниме истите вредности, заедно ја браниме Европа. И Германија го потврди обезбедувањето системи за противвоздушна одбрана за нашата земја и дополнителна поддршка.
Инаку, кога денеска пристигнаа четворица лидери во Киев, тоа се совпадна со почетокот на сирената за воздушен напад. Русија создаде позадина за сите да ги слушнат овие сирени за да создаде тензична атмосфера. Но, никој не се исплаши, и тоа само не инспирираше да бидеме што е можно поконкретни и да преговараме за нашите интереси – за сите Украинци и за сите во Европа, изјави Зеленски.
Зеленски лично му се заблагодарил на канцеларот Шолц за поканата на состанокот на Г7. Генерално, впечаток од средбата е позитивен. Сите лидери разбираат зошто преговорите за завршување на војната не се во тек. Исклучиво поради позицијата на Русија, која само се обидува да ги заплаши сите во Европа и да продолжи со уништување на Украина. Тие не сакаат да бараат начин за мир. Ова е агресор кој мора сам да одлучи дека војната мора да заврши.
Ќе продолжиме да се бориме се додека на нашата држава не и гарантираме целосна безбедност и територијален интегритет, дециден е Зеленски.
Зеленски соопшти дека се водат разговори за подготовка на нов пакет санкции против Русија, за надминување на кризата со храна предизвикана од Русија. Обновувањето на извозот на украинските земјоделски производи е од витално значење за десетици земји, и има само една причина зошто кризата со храна воопшто стана можна: Русија е виновна и никој друг. Сите лидери веќе го препознаваат ова.
Тој посочи дека зборувале за обновата на Украина по војната, и има многу конкретни ставови на партнерите за ова.
Зеленски смета дека не случајно состојбата со гасот во Европа денеска се влоши – цената повторно скокна. Русија го направи тоа намерно, ограничувајќи ги испораките за да и наштети на Европа, за да удри по Европејците.
„Газпром“ едноставно го влече гасниот синџир во кој долго време се обидуваат да ја оковаат Европа. И ова е уште еден аргумент во прилог на фактот дека Европа сега мора да премине на живот без руски гас. Не треба да има таква зависност, констатира Зеленски.
Украинскиот претседател најави за утре и задутре многу новости за Украина, за кои верува дека ќе бидат позитивни.Тој уште еднаш нагласи дека сето тоа е можно пред сè благодарение на нашите херои, благодарение на секој и секој што не штити од руските трупи.
Денес, украинската армија се бори во услови на значителна квантитативна предност на непријателот – во технологијата, во артилериските системи. Борбата во такви услови е секојдневен подвиг. Правиме се за да им дадеме на нашите херои модерно и моќно оружје. И јас сум горд на сите оние кои веќе 113 дена од севкупната војна го одбиваат окупаторот и сите напади, рече Зеленски.
На крајот од обраќањето се заблагодари на храброста на украинските мажи и жени, Европа може да ја создаде оваа нова историја на слобода и конечно да ја отстрани „сивата“ зона меѓу ЕУ и Русија во Источна Европа. Украина е најблиску до Европската унија од независноста.
Подготви: Д. Мишев / ЦивилМедиа