ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Слетувањето на авионите Ф-35 демонстрација на силното сојузништво и гарант за безбедноста на НАТО – членките

June 17, 2022 16:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На аеродромот во Петровец првпат во нашата држава денеска слетаа борбените авиони од типот Ф-35, кои се дел од 134-тиот борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт. Пред слетувањето, борбените авиони извршија прелет над аеродромот во Петровец, како и над главниот град Скопје.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска информираше дека овие авиони ја претставуваат најнапредната технологија што денеска постои, а, како што рече, нивното слетување денеска е уште еден доказ за нераскинливата врска која постои меѓу нас и сојузниците во НАТО Алијансата.

-Изминатиот период сите земји членки на Алијансата испраќаме пораки на единство и обединетост. Денеска таа обединетост и посветеност кон безбедноста ја гледаме и на терен. Северна Македонија е дел од мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор повеќе од една година. Овој елемент на интеграција во НАТО на националниот воздушен простор за нас е една од најважните активности на војската во мирновременски услови, изјави Петровска по слетувањето на авионите.

Таа потенцираше дека аеродромите во Северна Македонија можат да обезбедат поддршка за авионот од типот Ф-35 за извршување на различни мисии и за безбедноста на воздушниот простор на НАТО.

Како што посочи, слетувањето на авионите од типот Ф-35 на аеродромот Петровец е најочигледен пример за стратешкото партнерство и заемната доверба меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија.

Ова, како што посочи, ја покажува воедно и нашата подготвеност и посветеност да се соочиме и со непредвидливите оперативни барања за секоја мисија.

-Овие напредни борбени воздухоплови се дел од 134-та борбена ескадрила на Националната гарда на Вермонд со кои имаме исклучитлено важно и пријателство и партнерство  и на овој начин можеме да покажеме дека стоиме едни до други и се штитиме едни со други, напомена министерката.

Потполковникот Џон Мекрeј од Националната гарда на Вермонт изјави дека долготрајните партнерски односи претставуваат темел кој ја гарантира нашата колективна безбедност.

-Среќни сме што сме тука во овој историски период кога ја прославувате 30-годишнината од формирањето на Армијата на Северна Македонија и воздухопловниот винг. Следниот јули ќе прославиме 30 години партнерство меѓу Северна Македонија и Вермонт во рамките на програмата за државно партнерство. Годишнините не потсетуваат на важноста на нашите долготрајни меѓусебни односи, рече Мекреј.

Според Мекреј, сами како одделни нации и земји ниту една од нас ги нема ресурсите за да се справи со сите безбедносни предизвици што би можеле да се појават. Но, како што рече, нашите доверливи партнерства ни ја даваат колективната сила и мудрост што ни се потребни за да ги идентификуваме најопасните закани по нашата безбедност, а потоа и да ги здружиме нашите сили и да ги надминеме сите закани заедно.

-Токму поради членството на Северна Македонија во НАТО, како сојузник можеме да ја споделиме безбедноста која произлегува од мисите за патролирање на воздушниот простор и брзо распоредување на напредни способности на платформата Ф-35. Северна Македонија оебзбедува обука и ресурси за воздухопловните сили на НАТО преку воениот аеродром Петровец и полигонот за обука Криволак, кои ни се потребни за да ја одржиме нашата подготвеност, додаде Мекреј.

Тој напомена дека воздухопловните сили на НАТО имаат шанси да тренираат заедно со нашиот воздухопловен винг и Армијата, за да ја гарантираат нашата сегашна и идна безбедност, на Балканскиот регион и на Европа како целина.

Во чест на долготрајните партнерски односи на нашата држава со САД, министерката Петровска на потполковникот Мекреј му подари македонско знаме.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ФОТО) Бочварски: Пробиена левата тунелска цевка на тунелот Фариш, експресниот пат Градско – Прилеп се гради со силно темпо

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk