ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнува седмото издание на КРИК – Фестивал за критичка култура

June 20, 2022 13:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Утре (вторник  21 јуни, 2022) почнува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“. Јавната програма започнува со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада. Во рамки на програмата тој за пријавените учесници го одржа семинарот „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“. Во рамки на резиденцијалната програма се одржа семинар со Синтија Мичел од Канада на тема „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“. А од 16 до 24 јуни се одржува работилницата „Мапирање на занаетите во Скопје“ со уметникот Билал Јилмаз од Турција и кураторката Лидија Хаѕиоану од Грција.

Утрешното предавање на Нејтан Браун е насловено „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, и ќе се одржи во Чифте амам, со почеток од 20 часот.

Во своите истражувања тој ги опфаќа хуманистичките и епистемолошките области: поезија и поетика, модерна и современа филозофија, книжевност на 20 и 21 век, марксистичка теорија, наука и студии на технологијата. Творештвото на Браун се фокусира на современата уметничка и филмска теорија. Неговото исражување се темели врз материјалистичкиот пристап кон уметноста, филозофијата и политиката.

„Седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во својот фокус има широк спектар на формати низ кои ќе се обидеме да ги артикулираме темата и потребата која сметаме дека ни е приоритена особено во овие времиња кога натежнуваат многу од основните прашања забележани како придобивка на современите цивилизациски придобивки: демократија, солидарност, создавање заедници. Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „Во постојан отпор“ истражувајќи ги и промислувајќи ги критичките и автономните стратегии на отпор, низ лепеза на уметнички, мисловни, разговорни, теориски формати. Стратегиите на заеднички и индивидуален отпор ни се чинат исклучително важни како начин на живеење во времињата кои непрекинато ни приредуваат нови предизвици. Со пандемијата навлеговме во нова војна и продлабочување на економската, општествена и политичка криза во која мораме повторно да ја пронајдеме патеката низ која достоинствено и со интегритет ќе се движиме понатаму, индивидуално и колективно“, велат програмските уредници Искра Гешоска и Артан Садику.  (Во прилог на соопштението е и целостниот текст „Во постојан отпор“)

КРИК 07 почнува во месец јуни, а својата програма ќе ја продолжи и во есенските месеци.

 

ПРОГРАМА

јуни – јули

Резиденцијална програма

8 -10.06.2022, КСП Центар – Јадро

18:30 – 20:30 Семнар со Нејтан Браун „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“

—

15.06.2022, среда, Музеј на современата уметност

18:00-20:00 Семинар со Синтија Мичел „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“

—

16 – 24.06.2022, Чифте Амам и Скопје

„Мапирање на занаетите во Скопје„ – Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану

 

Јавна програма

21.06. 2022, вторник, Чифте Амам

20:00 – 21:00 Нејтан Браун – „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, предавање

—

23.06. 2022, четврток, Сули Ан, атриум на Факултет за ликовни уметности

20:00 – 22:00 „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што критичкото мислење за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото се стимулира со храна и пијалак.

Учествуваат: Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Милица Пекиќ, Владимир Јанковски, Петар Милат и Елизабета Шелева. Кормилар: Артан Садику

„Гозбата“ ќе биде придружена и со снимени видео матеројали на дијалози за демократијата, од Србија, Косово и Северна Македонија.

[ „Гозба“ е дел од проектот „Изведување демократија“ које партнерски проект со Киоск (Србија) и Докуфест (Косово)]

—

24.06. 2022, петок, Даут Пашин Амам

20:00 „Сенката на Бодлер” – промоција на двотомното издание на преводот од француски на англиски на „Цвеќињата на злото“ од Шарл Бодлер, од Нејтан Браун и пропратното изднаие на анализата преведувачот, во разговор со Петар Милат. Книгата е заедничко издание на Мултимедијалниот институт од Загреб и на Контрапункт – Скопје.

—

  1. 06. 2022, четврток, КСП Центар – Јадро

20:00 „Сенката на занаетите – Скопје” – инсталација со светло-сенка-звук на Билал Јилмаз од материјалите собрани преку истражувачкиот процес на мапирање на занаети заедно со Лидија Хаѕиоану.

—

  1. 07, петок, Музеј на современа уметност Скопје

19:00 Презентирање на лејбели од Бугарија Amek Collective & Kontingent Records со Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов во разговор со Станимир Панајотов и Ивана Драгшиќ

21:00 Live set Shentov, Simitchiev, Lukanov

 

Најава на програмата за месеците септември и октомври:

Изложба и промоција на книга на Дубравка Угрешиќ, рагворор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор на Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутмман, перформанс и разговор со Феликс Фалцук и Јохана Хершел.

—-

КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.

Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми.

 

—–

Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ.

Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност

Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб

Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад..

Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Allianz Kulturstiftung, Креативна Европа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk