ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мнозинство Бугари не ги одобруваат постапките на Путин во Украина и за нив се информират од Бугарската национална телевизија

June 20, 2022 13:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Според истражувањето на „Галуп интернешнал“, 58,8 отсто од бугарските граѓани не ги одобруваат постапките на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, а 23,3 отсто го мислат спротивното. Меѓу нив има и постари луѓе, поддржувачи на политички сили кои традиционално се попроруски настроени.

Повеќе од половина од учесниците во истражувањето 53,1 отсто наведуваат дека главен извор на информации им е телевизијата, потоа социјалните мрежи – 22,3 отсто, а уште 16,6 отсто како главен извор ги посочуваат другите сајтови на Интернет.

Радиото и весниците многу заостануваат како главен извор на информации.

Кај младите во Бугарија социјалните медиуми се апсолутен центар, а на второ место се останатите интернет страници, покажа анкетата на „Галуп“.

Од бугарските телевизии, како најобјективна во однос на информациите од војната во Украина се гледа Бугарската национална телевизија со 32,5 отсто, потоа двете големи приватни телевизии bТВ и Нова со 28,1 отсто и помалите приватни телевизии со 15,9 отсто.

Граѓаните на Бугарија претпочитаат да бидат информирани од бугарски извори и медиуми во однос на странските, 39 отсто велат дека бугарските медиуми се сигурен извор, а 28,3 отсто би сакале странски.

Во исто време, 50,7 отсто од учесниците во истражувањето сметаат дека информациите што ги шират медиумите во Бугарија за војната во Украина се прилично неверодостојни, а 25,9 отсто од испитаниците сметаат дека се веродостојни. Останатите се двоумат, наведува „Галуп“.

Според истражувањето, 35 отсто наведуваат дека наидуваат на вести кои можат да ги опишат како лажни, секој ден или речиси секој ден. Околу четвртина од анкетираните или 24,1 отсто  споделуваат дека неколку пати месечно наидуваат на лажни вести, а 11,3 отсто барем еднаш месечно.

Анкетата беше спроведена меѓу 1003 полнолетни бугарски граѓани, меѓу 2 и 10 јуни 2022 година преку директно полустандардизирано интервју лице в лице по случаен избор меѓу претставници на возрасната популација во земјата./МИА/

Next Post

Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk