ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Одземена лиценцата за производство на топлинска енергија на БЕГ

June 20, 2022 13:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење  енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ – БЕГ.

Денешната одлука, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија. БЕГ, нагласи, во петокот поднесе и барање за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки.

-За денешната одлука согласно Законот за енергетика ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Појасни дека БЕГ како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата ги навела кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

-Очекувам навреме да заврши процедурата и да се избере нов вршител на дејноста и доколку има гас да нема никакви проблеми во снабдувањето на скопјани со топлинска енергија, рече Бислимоски и додаде дека снабдувањето со гас зависи од глобалните политики.

Земјава, според него освен руски има можност да набави и друг гас преку интерконекторот со Бугарија, бидејќи Бугарија е поврзана со Грција, а, како што кажа, вршителот на енергетска дејност за производство на топлина има и обврска да има алтернативно гориво за 15 дневно непречено снабдување со топлинска енергија, во случајов мазут. Препорача да се размисли мазутот да биде заменет со дизел, бидејќи помалку загадува и додаде дека за тоа ќе бидат потребни само мали адаптации на топланите. Во случај Русија да ја прекине испораката на гас за земјава и да не се најде алтернативен начин, како што рече, трансформаторите во некои скопски општини не се димензионирани да издржат поголемо оптоварување доколку граѓаните се префрлат на греење со електрична енергија./MИА/.

Next Post
Mитинг на вмро во Скопје, 18 јуни 2022 (фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

На Мицкоски му е премногу. Пак!

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk