ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Обиени просториите на ЦИВИЛ

June 20, 2022 14:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Седиштето на ЦИВИЛ беше мета на упад меѓу 18 и 20 јуни. Провалниците ја искршиле вратата на задниот влез во седиштето на организацијата, го онеспособиле алармот и двете камери и го земале интернет модемот. Очигледно, провалниците најмногу се интересирале за архивата на организацијата. Ги пребарувале документите во фасциклите со архивски материјали и финансиска документација. Направена е и видлива материјална штета.

Ова е трет поголем инцидент во последните пет години чија мета е ЦИВИЛ. Првиот инцидент се случи непосредно по крвавите настани на 27 април 2017 година, кога од седиштето на организацијата беа украдени шест лаптопи и хард дискови со електронска документација на организацијата. Во тој напад настрада и дел од физичката архива, а беа очигледни систематските прелистувања на белешките во нотесите и папките на тимот на организацијата.

Вториот инцидент се случи на крајот на јуни, 2020 година, во екот на мониторингот на предвремените парламентарни избори. Тогаш, седиштето на ЦИВИЛ беше вандализирано, превртено беше паното со ознаки на организацијата во дворот, а врз него беше ставена лопата (на линкот е видео од прес конференцијата каде што се објавува толкувањето на таа постапка). Влезната врата на седиштето беше оштетена со остар предмет и беше изгравиран зборот Nazi. Пред влезната врата беа истурени отпадоци.

Како и претходните два, и овој случај е пријавен во полиција.

„Не сакам да прејудицирам, барем додека трае истрагата, но сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ја потсетам јавноста и институциите на големите предизвици со кои се соочуваат прогресивните организации и редакции. Што се однесува до документацијата, ние немаме тајни. Сите податоци за нашето работење се јавни, доволно е да се отворат нашите интернет портали, а отворени сме и за секое дополнително прашање. Нема потреба да се провалува, освен ако целта не е да се упати поинаква порака“ – напиша претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„Познато е дека во текот на изминатите десет и повеќе години, тимовите на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа се соочуваат со бројни притисоци, клевети, говор на омразата и смртни закани. Мотивите се познати, нарачателите, исто така. Но треба да знаат – ние не се плашиме. Нам заканите и притисоците ни се мотив повеќе да продолжиме со работа, бескомпромисно и гласно“ – пишува Дерала.

Извршната канцеларија на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа, без застој, продолжија со својата работа.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Заврши општиот претрес по ребалансот на Буџетот, попладне почнува амандманската расправа

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk