ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Седница на Уставниот суд

June 22, 2022 09:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд  денеска ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.

Првата иницијатива се однесува на оспорување на член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.187/2021).

Подносители на иницијативата се Дарко Јаневски, Сашко Јовановски, Даница Трпковска и Златко Јолески.

Подносителот Дарко Јаневски со иницијативата оспорува одредба од Одлуката, која, според него, била во директна спротивност со членот 1 став 1 од Уставот, наведувајќи дека таа е „дискриминаторска, сегрегирачка, но и непрецизна одредба која предизвикува правна несигурност“. Во иницијативата се наведува дека Владата ги ставила во нееднаква и неповолна положба угостителските објекти кои се наоѓаат надвор од Меѓународниот аеродром – Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид. Адвокатите Сашо Јовановски, Даница Трпковска и Златко Јолески, пак, сметаат дека одредбата е противуставна, неприменлива и во спротивност со Уставот, како и со неколку одредби од Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Втората иницијатива што денеска ќе ја разгледуваат уставните судии, поднесена од Емануел Тасев, се однесува на оспорување на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надоместок за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.81/2022), донесена од Владата.

Според подносителот, членот 2 од Уредбата не е во согласност со повеќе одредби од Уставот и тоа членот 52 став 4, според кој, законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, член 55 став 2 според кој слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувување на природата, животната средина или здравјето на луѓето и членот 8 став 1 алинеја 3 според кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Подносителот наведува дека барателите на приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена за комерцијални, деловни, стопански, производствени цели, спорт и рекреација и неизградено земјиште за колективно домување пред стапување во сила на Уредбата се ставаат во понеповолна положба, им се повредува стекнатото право да го приватизираат земјиштето во државна сопственост согласно предвидените услови за приватизација при поднесување на барањето, а само затоа што постапките по нивните барања не се завршени заради неажурност на органите  и според иницијативата се дискриминирани во однос на повластените баратели чии барања се решени со правосилни одлуки.

Уставниот суд ќе расправа и по иницијативата за оспорување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи во Штип, бр.01-754/1 од 25 јуни 2019 година, односно точка 2 реден број 11 и точка 3 реден број 18 од Табеларниот приказ на работните места во ЈУМЦСР Штип, со кој се утврдени посебните услови за работните места: раководител на службата за права на парична помош и раководител на службата за услуги од социјална заштита, поднесена од Сузана Цветкова.

Според подносителката на иницијативата, со оспорениот Правилник за раководител на службата за услуги од социјална заштита за оваа позиција имаат можност да конкурираат само три стручни профили и тоа социјална работа и политика, педагогија и психологија, па со тоа во подредена дискриминаторска позиција се ставаат останатите образовни профили кои веќе биле вработени во ЈУМЦСР Штип. /МИА/.

Next Post

(Видео) Пронајдени околу 400 грама кокаин, претреси во Скопје

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk